За 12 ката , не ти препорачувам бас рефлекс кутии иако изгледаат многу фино , ако ти е за по дома направи кутија како втората варијанта за која си дал линк само подолг да биде тунелот односно нека биде ТЛ кутија (ако сакаш за вакви неквалитетни басови само ТЛ теоретски а богами и практично може да им го подобри квалитетот) А ако ти е за по журки да прави галама слободно направи бас рефлекс како што ти препорачаа . Еве една кутија од таков тип гледај во литража да не биде испод 80 литри и тунелот да не биде пократок од 1,8 метри . комората зад басот да биде околу 3 пати поголема во пресек од ефективната површина на мембраната на басот а издувот односно крајот на цевката да е со иста површина како мембраната од звучникот, ако се одлучиш за ТЛ утре ке ти го скицирам мојот субвофер ТЛ за 12 инчи басови , немам скици во ПС-то треба да ги скенирам(ова е се експериментално но мислам дека нема да добиеш лош звук со правилно дампирање)