Ова е обична хоризонтална дипол антена со кружен облик за да
може да фаќа во сите правци 360 степени (не мора да ја вртиш)
Диполот нема никакво појачување така да ова е исто како да имаш
обична стап антене како за кола што е.
Појачувањето на антената произлегува од насочувањето
на сигналот т.е. од тоа колку е помал аголот на примање
толку е поголемо појачувањето.
Значи ако имаш антена за сите правци имаш нулто (референтно) појачување.
Post Merge: 15.01.2010, Friday, 19:29:34
Ако бараш антена за предавател што сакаш стави
ама мора да фаќа во сите правци 360 степени.Значи диполов е добар
за предавател само појачување нема освен ако сакаш во одреден правец
да зрачиш.
Ако си приметил на бандери за предаватели има само
стап антени вертикални .Нема тука многу филозофија
тоа е тоа, додека за примање е друго кога ќе почнеш
да редиш на антената директори и рефлектори таа станува
насочена (мора да ја вртиш во тој правец) и при тоа се добива
појачување зависно од бројот на елементи.
Кај предавателите недостатокот од снага на антената многу лесно
се надополнува во активниот систем (електрониката).
Доколку за примање ако имаш лоша антена која ти прима шумови
ако ставиш појачало ќе ти ги појача и шумовите.