Author Topic: Правила на овoј форум  (Read 39156 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Правила на овoј форум
« Opened on 07.10.2009, Wednesday, 10:10:04 (Edited 06.02.2021, Saturday, 22:51:28) »
Правила на овој форум, пред да напишеш нешто прочитај !!!



1. Јазик и писмо

1.1. Официјален јазик на форумот е Македонскиот, а официјално писмо е кириличното. Задолжително е коментарите (post-овите) да се пишуваат на Македонски јазик со кирилично писмо (Македонска поддршка). Доколку не знаете како да подесите Македонска поддршка на вашиот компјутер, тоа можете да го најдете во другите теми од оваа секција.

1.2. Правилото 1.1 се исклучува, но само доколку членот е странски државјанин од некоја од соседните држави (пред се се мисли на бившите Југословенски републики) и не е во можност да користи кирилична поддршка и/или не го познава доволно добро Македонскиот јазик за да може на соодветен начин да коминицира со останатите членови на форумот. За сите останати членови кои се државјани на Република Македннија и/или го познаваат Македонскиот јазик, важи правилото 1.1.



2. Теми (topic-и) и коментирање (post-ови)

2.1 Задолжително е користењето на сите Македонски букви при пишувањето на коментарите (post-овите) и насловите на темите (topic-ите), како на пример: ж, ч, ш, ќ, ѓ.

Пример за лош коментар/наслов:

Ми треба схема за 4творостепен засилувач.

Пример за добар коментар/наслов:

Ми треба шема за четворостепен засилувач.

2.2. Насловите на темите треба да се читко и разбирливо напишани, со цел на останатите членови од форумот ведаш да им стане јасно зошто е отворена темата (дали станува збор за дискусија, нудење или барање на некаков тип на информација, шема или производ/артикл).

2.3. Темите треба да се отвораат на соодветните места. На пример, доколку сакате да post-ирате шема од некој аудио засилувач, темата ја отворате во секцијата „Аналогна електроника --> Аудио техника --> Засилувачи“. Слични правила важат и за останатите секции.

2.4. Насловите на темите треба детално да ја опишуваат содржината на темата/post-от.

Пример за лош наслов:

Предавател

Пример за добар наслов:

FM UKB предавател со моќност од 50mW

Доколку е прекршено правилото за правилно пишување на наслов на тема, администрацијата на форумот има право да ја избрише темата.

2.5. Забрането е отворање на нови теми доколку на форумот веќе има отворено тема со истата содржина. Ново отворената тема дупликат ќе биде избришана. Од овие причини, пред да почнете да отворате нова тема, прво проверете дали веќе има отворено тема со иста содржина на форумот.

2.6. Доколку сакате да побарате некоја шема, ви треба некоја информација или имате било каков друг тип на побарување, темата ја поставувате во секцијата „Побарувања“ во адекватната подсекција. Во името на насловот на темата треба да стои фразата „Ми треба“ или некоја друга фраза која веднаш би асоцирала на побарување (на пример „Каде може да се најде XXXXXXX“).

Пример за лош наслов на тема за побарување:

Појачало !!! ???

Пример за добар наслов на тема за побарување:

Ми треба шема за засилувач со моќност од 20W

Доколку е прекршено правилото за правилно пишување на наслов на тема во секцијата за побарувања, администрацијата на форумот има право да ја избрише темата.

2.7. Забрането е поставување на теми со барања кои се дупликати. Доколку поставувате барање во секцијата „Побарувања“, прво проверете дали некој друг член има поставено слично барање на форумот. Ова можете лесно да го направите со функцијата „Пребарај“ на форумот.

2.8. Доколку post-ирате било каков материјал од некој друг форум/сајт/блог и доколку знаете од каде е превземен овој материјал, треба да поставите и линк од истиот во вашиот post.

2.9. Забрането е пишување на цели реченици со големи букви бидејќи тоа се смета како зборување со повишен тон (викање) кон одреден член на форумот или одредена група на членови на форумот.

2.10. Забрането е пишување на прекратки коментари. Коментарите составени од еден интерпункциски (или било каков друг тип на) знак ќе бидат избришани и истите се сметаат за spam.

2.11. Забрането е цитирање на цели слики од коментарите на останатите членови. Доволно е да го цитирате само текстот или делот од текстот на кој се однесува вашиот коментар. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

2.13. Забрането е пишување на коментари на огласната табла кои може да се напишат во соодветните теми и секции на форумот. На пример, забрането е барање на шеми и помош за сервисирање на определен електричен уред преку огласната табла.

2.14. Коментирање надвор од темата на дискусија во определен topic е забрането. Подобро отворете нова тема во адекватната секција на форумот и коментирајте во неа. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

2.15. Забрането е post-ирање на warez содржина на форумот. Се разбира, истото правило не важи за личните пораки меѓу членовите. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

2.16. Строго е забрането е post-ирање на содржини/текстови со политичка конотација на форумот, без разлика дали се лично дело на некој член на фрумот или е превеземен текст од некој друг извор.

2.17. Строго е забрането post-ирање на информации или било каков тип на материјали/шеми кои може да доведат до материјална, физичка или емоционална штета на член или група на членови на форумот.


3. Spam

3.1. Забрането е post-ирање на слични или исти коментари „еден по друг“ од страна на еден ист член. Истите ќе се сметаат за spam и post-овите дупликати ќе бидат избришани.

3.2. Забрането е поставување на реклами/банери од други сајтови или фирми во вашиот потпис. Истото е дозволено, но само преку приватен договор меѓу членот и администрацијата на форумот.

3.3. Забрането е post-ирање на реклами/банери од други сајтови или фирми во вашите коментари. Повторно, истото е дозволено, но само со приватен договор меѓу членот и администрацијата на форумот. Се разбира, дозволено е post-ирање на локации на продавници и цени на компоненти или уреди доколку определен член на форумот побарал помош во врска со лоцирање на определен тип на артикл.



4. „Бон тон“ на форумот (правила на однесување)

4.1. Избегнувајте непотребни караници со останатите членови на форумот.

4.2. Почитувајте ги останатите членови на форумот и нивните мислења, иако можеби не се сложувате со нив. Се разбира, ова правило важи само за субјективни констатации и коментари, не и за објективни (на пример, доколку забележите дека некој член на форумот направил некоја грешка во определени пресметки, дозволено е да го корегирате во вашиот коментар доколку мислите дека сте во право, но корекцијата мора да биде аргументирана).

4.3. Не го наметнувајте вашето мислење во врска со определена личност, член на форумот или фирма/компанија.

4.4. Забрането е јавно фаворизирање на определени членови на форумот, личности или фирми/компании.

4.5. Строго е забрането е дискриминирање на определен член/членови на форумот на религиска, национална или расна основа, без разлика дали е дискриминирањето јавно или преку лични пораки.

4.6. Вашиот потпис не смее да содржи вулгарности или да биде навредлив према определена група на членови на форумот, раси, националности или фирми/компании.

4.7. Забрането е користење на псовки во коментарите од членовите на форумот. Доколку е навистина неизбежно користењето на истите со цел да се долови определена емоционална состојба или ситуација, псовките треба да се „маскирани“ со ѕвездички (астериск).

4.8. Вашите коментари не смеат да бидат нападни, дрски, вулгарни, цинични, арогантни. Исто така, не е дозволено индиректно користење на горенаведените стилски фигури и епитети.

4.9. Забрането е содавање на негативна и напната „атмосфера“ во определена тема со вашите коментари.

4.10. Споделувањето на информациите на форумот треба да биде безрезервно, целосно и точно (без намерни дезинформации).



5. Приватни пораки

5.1. Забрането е да се бара помош или било какви техничи прашања преку приватни пораки. Доколку имате некое прашање или побарување, истото поставете го во адекватната подсекција во секцијата „Побарувања“. Истото правило важи и за апликацијата chat на форумот, како и за огласната табла.

5.2. Сите останати правила кои важат за јавниот дел од форумот не важат за приватните пораки. Се разбира, во определени случаи администрацијата ќе интервенира, доколку има потреба од тоа (на пример, навредливи лични пораки и сл.).

5.3. Доколку добиете прашална порака од некој член од администрацијата на форумот, должни сте да одговорите на истата. Доколку не одговорите на приватната порака, истото се смета за игнорирање на администрацијата на форумот и ќе следуваат санкции.



6. Останати правила

6.1. Сите екстерни линкови кои ги post-ирате во вашите коментари треба да бидат кодирани. Доколку не знаете како да кодирате линкови, разгледајте ги останатите теми од оваа подсекција на форумот. Линкови кои водат до останатите делови од форумот пожелно е (но не и задолжително) да се кодират.

6.2. Линковите од youtube не треба да се кодираат. Линковите од сите останати сајтови кои содржат клипови/видеа, задолжително се кодираат.

6.3. Строго е забрането е превземање на било какви авторски заштитени материјали од форумот (интелектуална сопственост на членови на форумот) со цел потоа истите да бидат употребени во комерцијални цели. Истото е дозволено со претходен договор со администрацијата и членовите за чии дела станува збор. Доколку материјалите се користат за едукативни цели или се споделуваат со јавноста преку било кој медиум, треба да се наведе изворот на материјалите, како и членот или членовите кои ги имаат напишано.

6.4. Не барајте од администрацијата да ја pin-ува определена тема (да ја постави како „Важна“). Доколку администрацијата процени дека треба определена тема да ја постави како „Важна“, истото ќе биде направено.

6.5. Не поставувајте прашања и барања поврзани со членство во администрацијата, ниту јавно на форумот, ниту преку приватни пораки до членови од администрацијата. Баш напротив, со вакви дејствија, само си ја намалувате шансата за членство во горенаведената група на членови на форумот.

6.6. Секој член кој бил баниран барем еднаш, без разлика на времетраењето на бан-от, автоматски го губи правото на учество во администрацијата на форумот и определени дополнителни привилегии кои можел да ги стекне доколку не бил баниран. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

6.7. Забрането е продавање, позајмување и давање на вашот user на користење на друга личност. Истото се казнува со банирање на членот. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

6.8. Големината на сликите во потписите не смее да ја надминува големината од 200 X 100 пиксели (<---200---> пиксели ширина и ↑100↓ пиксели висина). Доколку имате ставено слика во вашиот потпис, не е дозволено користење на други текстови или фрази во истиот. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

6.9. Забрането е регистрирање на повеќе account-и од страна на иста личност. Оваа појава се нарекува multiusing и е казнива со бан во времетраење од 1 до 7 дена (можно е да трае и повеќе или помалку доколку администрацијата процени дека треба послаба или построга казна). (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

6.10. Доколку некој член побара од администрацијата да му биде сменето името (username-от) на неговиот account, истото ќе биде сменето, но само доколку членот е релативно нов и бројот на post-ови не е висок.

6.11. Доколку некој член на форумот не ги почитува правилата, истиот член ќе биде казнет. Типот на казните и нивното времетраење ги одредува администрацијата, освен во правилата во кои претходно е наведен типот и времетраењето на казната. Сите останати казни може да варираат во тип и времетраење.

6.12. Вие сте тука заради електрониката и вашите коментари да бидат во врска со електрониката и да не коментирате за работата на администрацијата или пак да се препирате со членовите од администрацијата бидејки тие може да бидат непријател број 1 и веднаш да бидете банирани.

6.13 Оној што ке го стави форумот на подбив, потсмев и кон него се однесува понижувачки веднаш ке биде отстранет од истиот.


7. Правни изјави и оградувања на администрацијата на форумот

7.1. Во администрацијата на форумот спаѓаат сите членови на форумот кои се во подгрупата на членови администратори, глобални модератори и локални модератори.

7.2. Администрацијата на форумот не превезема никаква договорност за неуспехот на градбите/проектите кои членовите или администрацијата ги post-ирала на форумот.

7.3. Администрацијата на форумот не превезема никаква одговорност за физичка, материјална или емоционална штета која може да настане при градбата или пуштањето во работа на уредите/проектите кои се post-ирани на форумот од страна на неговите членови или администрацијата.

7.4. Аминистрацијата на форумот не гарантира за точноста на објавените шеми/написи/проекти кои се поставени од страна на членовите на форумот или неговата администрација.

7.5. Како регистриран корисник (user) на форумот, се согласувате сите лични податоци кои сте ги пополниле во формуларот за регстрација на форумот да бидат чувани во базата на податоци на форумот. Вашите лични податоци нема да бидат посредувани со „трети лица“ (third party) без претходно администрацијата на форумот да добие ваша дозвола. Администрацијата на форумот не превзема никаква договорност доколку базата на податоци на форумот е пробиена од страна на „трети лица“, со што личните информации кои сте ги пополниле во формуларот за регистрација на форумот можат да бидат искористени во неетички, неморални и нелегални цели.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!