Темава е малку стара ,веке имаме доста постови за ова проблематика и не е лошо да побараш и прочиташ.Прво,јачината на звучникот се мери на повеке начини и се изразува со повеке мерни единици ( вистински или помалку вистински).Велам вистински - тоа се однесува на RMS ,а лажна би била ознаката PMPO.Побарај ги толкувањата на пример Википедија.
Е,сега фабриките за звучници обично ги означуваат ватите и омажата со вистинските вредности( бар поголемите и попознати фирми!),а оние што продаваат по *шкарт* роба воглавно ставаат некои врдности како 200-300-500W ,а со помали букви ги означуваат како PMPO. Значи, колку вати ке даде вистински еден звучник може да се измери и пресмета.И за тоа не треба некој скап прибор.Доволно е да имате волтметар и да го мерите напонот на краевите на звучникот при дадена јачина на појачувачот. Ако знаеме дека 1W= 1V x 1A , a U = I x R може да го измериме U на краевите на звучникот чија импенданса е R ( во оми ) .Кога ке се најде I (во ампери - A),лесно се пресметува и силата на звучникот ( во W ).