Зависи... имам отворено мали Philips звучници од мини системче (запечатени, со пластична предница, но освен предницата, се друго беше направено од иверка... тенка иверка, но сепак, беше иверка), се зачудив, во нив имаше високотонци и мали 4 Ohm-ски басчиња, ама со прилично голем од и голем магнет. Би ги проценил на... што знам... 10 до 15W RMS (изгорени беа, така да, никогаш нема да знам
). Ме изненади, затоа пишав да слика
. Можно е да е во прашање некоја слична ситуација
.
Звучните кутии од системите и мини системите од 90-тите што беа brand name (Sony, Philips, Panasonic ...) и не беа така лоши. Во споредба со некои денешни Кинески 2.1 „1000W“ звучни кутии од некој PC маркет, звучните кутии од овие системчиња беа премија
. Луѓе организираа домашни журки и слави со овие звучници
. Некои од нив имаа и додатен LF (woofer во денешна терминологија) звучник во секоја од кутиите кој со засебен кабел се врзуваше за системот
.