Кутијата, односно цртежот што е на сликата не е воопсто лоша варијанта. Само треба да се напраи добра кутија , имам праено ваква. Видов во едно фабричко 5.1 актибно вуферче Бест, од тука ми дојде идеја па се прашував зошто е тоа така. Затоа што , кога звучникот е сместен во затворена компресиона кутија , оптеретен на иста снага, звучникот повеке вибрира. не сум стручен да објаснам зошто е тоа така , ама според мене е обратно од логика и физика. Би требало во компресиона кутија по споро да се движи , бидејки нема од кај да излегува компресираниот воздух внатре. Јас бев прездоволен од звукот и басот, звучничето беше 6,5 инчно , го напрвив активно со TDA7265 (2 x 25W односно 1 x 50W мостна врска, како во мојов случај), во комбинација со low-pass филтер со TL072, навистина ми паеше кеиф. Имам слики и шема од филтерот и засилувачот , неможам тука да ги прикачам, ако некого го интересира нека пише ПП, а вуферчето е сигурно кај некој другар, трампано за нешто и сеуште ,,тресе''
.