Author Topic: Прашањa поврзани со звучници  (Read 122662 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка,очигледно не можеме да се разбереме.Остани си ти на твоите идеи и сваќања и не ми подметнувај тези за  некакви *одлуки*.Она теза дека -.Компресионата кутија има најголема ефикасност или како ти велиш *мембраната на звучникот многу побрзо ќе се движи* е твоја мисла .Јас барем така ја сваќам! А,за да разбереш какви се моите размислувања прочитај го ова.

Offline Gocko

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #271 on 08.01.2015, Thursday, 20:38:47 (Edited 08.01.2015, Thursday, 20:46:04) »
@batka
Ај те молам цитирај ми каде сум кажал ,,Компресионата кутија има најголема ефикасност или како ти велиш *мембраната на звучникот многу побрзо ќе се движи''
Моја мисла е ,,мембраната на звучникот многу побрзо ќе се движи во компресиона кутија'' , а твоја мисла е: ,,Компресионата кутија има најголема ефикасност '' а покасно кажа ,,од каде сега компресионата кутија е поефикасна од бас рефлексната??
Јас повеке од очигледно сум лјубител на бас-рефлекс кутии, односно не ги сакам компресионите.
Го читам твоето мислење за звучници , се умрев од смеење (не ме разбирај погрешно, го почитувам твоето мислење за звучници, за друго се смејам).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па,статијата е направена за смеење 8) А тоа чиј љубител си апсолутно нема врска со темата,тоа си е до Qts-от. ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка, те молам да си го поправиш она правило
Quote
Просто правило: што поголем отвор, толку пократка цефка!!
За да остане истата резонантна фреквенција на бас рефлекс кутијата, со зголемување на дијаметарот на цефката таа треба да се продолжи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ти знаеш ли батка математика? ;D

Цитирам:

Кај бас-рефлекс кутиите покрај големиот волумен,најбитен параметар е прорачунот и димензиите на бас рефлекс отворот.
Димензијата на бас рефлекс отворот се пресметува според ефективната површина на мембраната на бас звучникот. Да земеме пример:

-   еден 18 инчен бас има 0,0716 м2 ефективна површина  на мембраната  и ако сакаме долна гранична фреквенција од 45 Хз ,тогаш ни треба  отвор на кутијата со површина 180 см2 и 15,7 см должина на цевката.Услов е  отворот да биде симетричен на осовината на  предната плоча , а под звучникот.Ако сакаме да добиеме долна гранична фреквенција од 35 Хз  ,треба да изгубиме 2 дб од ефикасноста ,да ја намалиме површината на отворот на 140 см2 и да постигнеме длабочина на бас рефлекс цевката од 24,6 см .Тука ја рачунаме и дебелината на предната страна!

   Изгледа замрсено ,ама попросто кажано   : отворот за бас рефлекс  е 40% од ефективната мембрана на звучникот,а експериментално  должината на  отворот е  одредена со скратување или   додавање    должина на бас  рефлекс цевката.

Просто правило : што поголем  отвор,толку пократка цевка!!

Ако земеме  пример за 8 инчен бас ке имаме: во 50 литарска кутија со 60 Хз  резонантна фреквенција   бара отвор за бас рефлексот  од 120 см2 и 11 см длабочина на цевката.Ако сакаме  да добиеме  65 Хз при иста литража  ке направиме отвор од 130  см2  и 9,1 см должина на цевката.

   Ако сакате поголем звучен притисок ,зголемете ја  површината на отворот ,а намалете ја должината на цевката..

Добро прочитај го примерот даден за 8 инчен звучник и анализирај! 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Со зголемување на отворот и намалување на цефката ти се зголемува резонантната фреквенција на кутијата.
Ти ако сакаш поправи си го, ако не остави го мене сеедно ми е.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Токму тоа е и правилото! Што не е јасно и исправно? Често пати експериментално е потребно да се зголеми,а не намали резонантната фреквенција! Во пракса е така,од повеќе причини,пред се поради проблеми кај самиот бас ( но тоа е друга приказна!).Воглавном,ако не ми се бендиса басот ,ја подигам резонантната фреквенција,со тоа што го зголемувам отворот и ја намалувам должината на цевката.Капито?? 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Ок. Прави си како знаеш.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не знам како го свати ти сето ова ,но ова реченица се кажува:  Ако сакате поголем звучен притисок ,зголемете ја  површината на отворот ,а намалете ја должината на цевката.. Ако мислиш дека не сум во право ,кажи зошто?

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Да не отварам посебна тема ќе прашам тука... По дома најдов два звучници 5.2 оми. Е сега кога ќе ги приклучам на мобилен звукот е многу тивок, сакам да ми дадете некој предлог за појачало да направам. По интернетов не ми се гледаа шемите веродостојни, па затоа се обрајќам тука.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Ама специфичен отпоров... ;D
Колкава моќност имаат?
Звучни кутии се или звучници?
Ако се звучни кутии отвори ги и прочитај на магнетот од звучникот номинална импенданса и моќност.
Во никој случај немој звучници директно на мобилен да приклучуваш, аудио излезот на мобилниот е наменет за импенданса >30 Оми, се со помала импенданса, како во овој случај, може да ти го изгори излезниот степен на внатрешниот засилувач на телефонот.
Прво да се дознае импендансата после може да ти предложиме засилувач, сепак мислам дека ова е за нова тема, и најдобро ќе биде да отвориш за да не биде после: "За се што ќе пишам ме критикувате... :( ".
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Во кутија се сместени... Вечер или утре ќе ги сликам и ќе објавам тука, па ќе чекам идеи/предлози..  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе Атанас,не се врзуваат звучници на излезот на телефонот. 8)Излезот има 0,2-0,5W на 32 ома( правен е за слушалки) и не е предвиден за приклучување на звучници.Не сме ги виделе звучниците,но верувам дека имаат барем 5-10W.Нека не те буни она 5,2 оми.Обично и фабриките кажуваат дека мин./мах. вредност на нивните звучници ,иако се декларирани како 8 оми,сепак имаат 6,8 оми.Тоа не е недостаток ниту квар.Тебе ти треба појачувач кој би го појачал сигналот од мобилниот и би ги терал звучниците.Дај да видиме за какви звучници се работи,па да кажеме што би ти одговарало.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Вака...Се работи за звучници од систем, го најдов дома, а најверојатно е од 1990+. Два звучници се и на системот се поврзуваат со џекче. Арно ама, пробува да ги отворам, неможи ! На пластичната кутија нема ни за штраф ни за ништо.. Освен да се скрши кутијата не гледам решение друго. Доколку сакате слика од звучниците ќе поставам ...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не крши ништо. 8) Очигледно се работи за звучници од 3-5W за кои можеш да направиш некое стерео појачалце со јачина приближна на она која ја дава TDA2003,2030  или слично.Побарај ,ина на Форумов многу такви постови и шеми.