Има калотата влијание на звукот,пред се на усмереноста ,а богами и на компресијата на басот.Ако немаш калота звучникот ке биде *отворен* и кутијата ке изгуби на компресијата.Сунгер во кутија - не ,земи лио полнење за перници ( вештачка волна).Ако е само побутната внатре калотата,извади ја врати и го обликот и одвнатре лакирај ја за да добие цврстина ( може и тенок слој лак за нокти или лепак за дрво-дрвофикс).За постари мембрани кои се делумно оштетени или извитоперени се препорачува и премаз на целокупната хартиена мембрана со дрвофикс ,за да се вкрути .Лепакот се нанесува кружно поаѓајќи од ивиците кон центарот ,осносно кон калотата.Мембраната ке отежне,ама ке добие цврстина и ке се подобри дефиницијата на басот,неговиот удар ке биде попрецизен.Гумениот амортизер не се премачкува.Ако има оштетувања на дел од мембраната ,тие се поправаат со парчиња хартија од внатрешната страна премачкани со неостик.Ова се препорачува ако нема шанси да се замени мембраната со оригинална.Поправките(особено ако недостасува дел од хартијата) се прават по можност со делови од мембрана од некој стар ,изгорен звучник.Затоа,ако е звучникот изгорен и неупотреблив извадете ја и чувајте ја мембраната ,амортизерот и спајдерот.бидејќи може да ви се најде.