а нели мислите дека цената на алкалните батерии е премногу висока па така подобро е да се купат nimh батерии кои навистина се поскапи ама можеш многу повеке да ги полниш ? Но и алкалните батерии треба да ги пазиш да не ги испразниш премногу оти после не се полнат за разлика од другите што не е тоа проблем.
Извинете за офф топикот
Мое лично мислење, не. Мислам дека најмногу се исплати да користите Li-Ion батерии од некој стар мобилен или нешто слично (бидејќи нели не може да се купат како батерии за полнење, како Ni-Cd или Ni-Mh батериите
). Ќе потрошите малку повеќе време за градење на системот за контрола на полнење, ама затоа пак ќе имате батерија која ќе трае со години и има одличен однос капацитет/големина
. Јас така би играл
.
Се разбира, за определени ситуации, користењето на овој тип на батерии е неисплатливо, на пример во далечински управувачи
. И онака батериите во далечинските управувачи се празнат по неколку години користење на далечинскиот управувач (барем на денешните далечински управувачи, старите поголема потрошувачка на струја имаа, па и побрзо се трошеа батериите
), така да, овој систем за полнење на такви батерии е совршен
. Исто така одличен е и за ѕидни часовници
. А да не напоменувам колку е практичен за полнење на батерии на мерни инструменти
, сите знаеме колку се скапи добрите и квалитетни 9V-ни батерии што обично ги ставаме во мерните инструменти за да не мора често да менуваме батерии (јас би го правел од оваа причина пред се
) и колку пари фрламе ако случајно го заборавиме мерниот инструмент пуштен преку ноќ (сигурно барем еднаш ви се има ова случено
), а наредниот ден гледаме трепка индикаторот за батерија :S... ајдееееее, ојдоа 100 и кусур денари
.