Напротив,кога батеријата ке се наполни со 10% повисок напон од номиналниот,проток на струја престанува и ЛЕД се гаси.
Кај алкалните батерии треба да се внимава со која струја се врши полнењето.Се зема теоретски 10% од капацитетот изразено во mA,само треба да се внимава колку е амортизирана батеријата.Немојте да полните повеке од 5-6 пати батерија ако е таа постара,подолго време стоена или очигледно подуена.Иначе,температурата на добрата батерија не се зголемува премногу и ако нешто такво приметите значи дека не е во ред таквата батерија.Со овој полнач понекогаш полнам со поголема струја некоја батерија ако ми треба побрзо ( 2-3 часа),а при тоа сум приметил дека отпрво повеке се загрева,а потоа постепено температурата се враќа во нормала.Во секој случај проверувајте ги батериите во лежиштето,Досега не се случило некоја батерија да истече или експлодира при полнењето.Искуствата се позитивни,само велам не практикувам да ги полнам батериите повеке од 5-6 пати.Можеби ке одат и подолго,ама од практична гледна точка не го правам тоа.