Ефектот на полнење е поефикасен ако батеријата која се надополнува не била испразнета повеќе од 50% од нејзиниот вкупен капацитет. Важно е да се напомене дека со секој нареден циклус за полнење, алкалните батерии го губат својството за регенерација, што на крајот резултира со пад на капацитетот. Но, тоа не би требало да биде причина да не се пристапува кон нивно полнење. Ако ги надополнуваме повремено, пред да падне нивниот капацитет на вредноста од 70% од капацитетот на нова батерија, можеме да очекуваме до 20 циклуси на полнење, без значаен губиток на капацитетот (помалку од 5%). При иницијализација на полнењето, при изгубен капацитет од 50%, бројот на наредни циклуси без значаен губиток на капацитетот на полнење, сепак, е задоволителен и изнесува околу десетина нови наредни циклуси на полнење. Тестирањата се правени од реномираниот производител на батерии Cadex, врз AA-тип на батерии, при тест-струја од 0,2C.
извор:
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=1642