Батка,само со едно вклучување можеш да оштетиш транзистор! Дарлингтон транзистори во себе содржат повеке елементи : гледај и од шемата -има два транзистори,отпорници, диоди..Само еден дел да прегори и фрлај го.Затоа јас лично не им препорачувам на почетници да работат со Дарлингтон излезни.
Сега како ти реков:Одлеми ги сите елементи од плочата!!!!
1.Оспособи го исправувачот и мери ги напоните во + и - гранка во однос на масата(тие не треба повеке од 1В да се разликуваат!)
2.Провери ги сите други делови со дигитален инструмент.Транзисторите ако и малку се сомнителни-смени ги со други!
3.Обрати внимание и на малите електролити од 100мФ мислам беа,кој носат напон кон маса
4,Диодите во базите на транзисторите ја регулираат мирната струја - смени ги со нови
5.Внимавај на правилен распоред на транзистори на плоча,не го пуштај пој.без да ги поставиш на ладилник! СИТЕ транзистори изолирај ги од ладилникот со лискуни и паста за ладење,како и пластика на штрафовите.Со ом метар провери дали некој колектор е во спој со ладилникот!!!!
Направи го ова па кажи што се случува!