Syrus добро знам за кој засилувач се работи, бидејки јас ти го предложив
. Овој засилувач го имам изработено веќе и јас незнам колку пати и секогаш проработувал од прва
. Ајде сега да се фатиме за работа и да се потрудиме да го оправиме засилувачот
. Прво што треба да направиш е да ме послушаш тоа што ти го пишав во моите претходни постови т.е ова:
Значи вака на тој засилувач работен напон му е +-45VDC и за моно верзија ќе ти треба трафо 2x32VAC 5А 300W, а во твојот случај ти сакаш да направиш стерео верзија или како што викаш ти две плочки и за тоа ќе ти треба трафо 2x32VAC 10A 600W. Од ова можеш да заклучиш дека за изработка на стерео засилувач кој работи во AB класа се зголемува т.е дуплира амперажата и ватажата на трафото, а напонот останува непроменет.
Однеси го трафото кај винклерот и речи му да ти го премота само секундарот за да добиеш 2x32VAC колку што треба за овој засилувач и потоа купи нови транзистори и обавезно стави ги на ладилник одвоени со лискун и премачкај ги со паста (за подобро спроведување на топлината).
Еве шема и монтажна за да видеш дека е точно тоа што ти го кажувам и секако да видат и другите членови за кој засилувач станува збор
.
Шема:
Монтажна:
Со среќа
.