Прво пред да го пуштиш на напон земи унимер и провери секој извод од транзисторите дали фаќа на ладилникот(ладилниците). Потоа на излез од грецот стави унимер на подрачјето за диоди мерење, по некое време треба да покажи отворено коло. Предходно кондензаторите испразни ги, ќе ти замини униерот ако се под напон. Потоа пак испразни го кондензаторите па стави го обратно унимерот и провери колкав отпор ќе покажи. За да ги испразниш ондензаторите ќе земиш еден отпорникод 4,7 до 10 кило оми и ќе го доприш на - и + на засилувачот, ќе го оставиш 20-30 секунди. Пази, доколку се под напон кондензаторите може да те протресе струја. Значи нема на - и маса или + и маса туку на - и + за да се испразната сите кондензатори. Отпорникот ако не грее при работа може и да го оставиш нема да смета, ќе придонесува за празнење на кондњнзаторите кога е исклучен. Исто така треба да обрниш внимание на капацитетор на кондензаторите и максималната струја на грецот. кога кондензаторите се празни влечат многу јака струја, иако е моментална може да го оштети грецот. За оваа струја да се наали треба поебен склоп или да ставиш паралелно диоди кои поднесуваат јака моментална струја и до 150 ампери kako што се уф3004 fr302 i други. може да ги залемиш и на самиот грец. Исто така овие се "брзи" диоди, па ќе го заштитат целиот склоп и од мрежни шумови.