Случајно го изгуглав овој форум,барајки електронски делови,точно поради оваа работа.И ете се зачленив и ја прочитав целата тема.)
Мешате две различни работи.
Возење чисто на ххо е тешко остварлива работа,која јавно ја постигнале малку луге,но се е измислено и испробано, функционира.Но зошто не се користи е обемно прашање,размислете од што најмногу пари зема секоја влада во светот?Од горивата,затоа и новите коли трошат како коли од пред 30-40 години,појаки се и побрзи но кому му треба тоа,а на пазарот нема возило што би трошело 2-3 литри(спачек трошел 5 литри пред колку години).Ова е и одговор на прашањето што погоре беше поставено,зошто мерцедес или друг не прави такви коли.Инжињери на форд пред 30год,направиле пикап што со денови работел во фабриката без гориво,но таму и останал,не видел бел ден.Андреја Пухарич,подоцна Хенри,70-те години Америка ја прошетал возејки на вода.
Накратко,овој процес не е електролиза,туку прецизно додавање енергија на молекулата на вода,под одредени услови,при што тој се дели на два атоми водород и еден атом кислород.Целиот процес е во резонанција.
Патентите и работата на Стенли Маер е како прекопирана од Пухарич(барем јас колку сум прочитал).
Ова контрола врз енергенсите и енергијата е секаде присутна.Уште Никола Тесла измислил уред кој напојувал автомобил,црпејки енергија од околината(ариал системи,побарајте Хенри Мореј),Но кога го виделе неговите спонзори тоа,веднаш ги прекинале парите за истражување.Забегав.
Друга работа е додаванје ххо гас во мотор со внатрешно согорување(бензин и дизел),кој го подобрува,појачува согорувањето,па затоа овие уреди се викаат бустери(од англискиот) или појачивачи.те ххо генератори во кои со класична електролиза на електродите се добива водород и кислород.Овие уреди се едноставни за изработка но колку се ефикасни е дискутабилно,бидејки на секој мотор различно реагираат па нема универзално решение.Најголема заштеда имало кај дизелите до 40%,бензин до 30%,најмалку кај плинот15%,што и има логика бидејки пропанбутанот најдобро согорува во моторот.
Наводно заштеда се остварувало после 1500 км,до тогаш моторот се чисти од гарежот по клиповите,вентилите,кариките.Мотор кој користи ххо е чист одвнатре.
Сега да прашам нешто,зошто и се зачленив овде.
Дали некој може да ми изработи пулсен модулатор,и колку би чинел.
Има полно шеми ,еве оваа на пример
Да надополнам ,да не е реклама кој го интересира на пп ке му пишам каде купив 316лим во Скопје.поздрав и да не измислуваме веке измислени работи,хе,хе.