Една проста проценка колку енергија ви треба за да ослободите 1 литар водород:
Замислете дека сте изгореле еден литар водород со што ќе се ослободи огромно количество топлина и сега замислете дека истата таа топлина треба да ја добиете од акумулатор од 12 волти 40 ампер часови, оти толку енергија треба акумулаторот да даде на ќелијата, а енергија си е енергија, без разлика да ли е топлинска, електрична или хемиска.
И тоа ова е проста проценка во која се смета дека процесот на елекролиза и горење е 100 % ефикасен,
а не е 100 % ефикасен, ништо на овој свет не е, во секој процес има загуби.
Во основа процесот на претворање на енергиите во овај процес оди: електрична во хемиска во топлинска која потоа се претвора во механичка преку моторот. И во секој од овие процеси на претворање има некои загуби. Ако ова е врв на ефикасноста и еколошката свест, јас не знам што има муабет више да се прави.