И јас мислам дека ова е промашена работа ама нејќам да влегувам во расправии. Има не еден туку неколку закони на физиката и хемијата кои тврдат дека не е возможно да добиете повеќе енергија отколку што ставите во таа ќелија. Ама во ред, ако некој има одвишок пари и сака да ги потроши, ова е добар и забавен начин за тоа, далеку подобар од кладилници, коцка и сл. барем за мене.
Ехееееее, половина од законите во физиката и хемијата не треба да функционираат во колата за да може ова да се исплати, ахахаахахаха
.
Иако, се сложувам со тоа што го рече, ако некој сака да си игра, немам ништо против
.
Се тоа стои,за законите, али еден не баш близок пријател го има вградено во колата и вика дека стварно се осеќа разлика дека помалку троши, факт е дека не сме доволно запознаени со односот потрошена електрична енергија/добиен водород, дали е битна енергијата која ќе се добие или водородот се користи за подобрување на согорување па одтаму и заштеда
Дури и да си во право, еве да се исплати се ова и навистина да функционира. Што правиме со прегревањето на мторот и скратувањето на векот на деловите? Моторите со внатрешно согорување не се дизајнирани да функцинираат на водород, дизајнирани се за бензин/нафта и ништо повеќе од тоа. Тоа е исто како да ставам литро ракија во моторот и да речам дека може да работи моторот на ракија. Да, ќе работи, саат, два... ама потоа...
Потоа поправката ќе ме кошта ехеееееее :S.
мислам дека ако користиме вода како погонско гориво, водата би де потрошила трајно. Водородот согорува, кислородот го поддржува горењето. Неко ке рече: еее вода колку сакаш има, океаните и морињата. Да меѓу тоа чим нешто се троши, кога тогаш и ке се потроши.
Јас ова 100 пати го кажав, ама кој да слуша. Природата на луѓето е во принцип себична, „мене да ми е евтино и убаво, а за другите ми е гајле“... ако ова масовно почне да се продава и произведува некој ден, за брзо време ќе дојде моментот кога ќе се тепаме за вода :S.
Ќе цитирам еден многу паметен човек, Jacque Fresco, не помнам точно каква беше реченицата, но преведена на Македонски, од прилика вака ќе му дојде:
„Што ќе им одговориме на идните генерации кога некој ден ќе не запрашаат „што сте мислеле кога сте ја базирале цела светска еконономија на потрошлив извор на енергија“?“
Ова е повеќе кажано во котекст на нафтата, ама истото важи и за водата.
Не е така како што мислиш , пошто водата циркулира во природата цело време, кога согоруваш водород тој се врзува со кислородот од воздухот и пак се добива вода, при што нема загадување.
Да, ама со сегашнато „потрошување“ на водата. Што ако ова некој ден почне секој втор на планетава да го прави? Нема да има доволно време за да може целата таа вода да се врзе. Ова е исто како со принципот на „чистење на средината со генерирање на кислород со садење на дрвја бидејќи има многу јаглероден диоксид во атмосферата“. Да, дрвата може да го „исчистат“ овој јаглероден двооксид, ама само ако се генерира во определени граници, а не ако се генерира 100 пати повеќе одколку што може да „испроцесира“ целата флора на планетава.
BTW, не знам дали сте знаеле, ама всушност дрвата и растенијата не се главните одговорни за преработката на јаглеродниот двооксид во кислород. Има една алга која го преработува околу 70% од целиот генериран јаглероден двооксид на планетава. Епа моментално, таа алга е во изумирање, нејзините бројки од ден на ден се повеќе и повеќе се намалуваат. Зошто? Никој не знае, ама се претпоставува дека кога ќе се надмине некое ниво на загаденост на водите, оваа алга веќе не може да се размножува правилно. А со 100-тици излеани танкери во океанот, најверојатно и се има „пореметено“ размножувачкиот циклус на алгата. Ама кој да слуша, нели :S.