Значи вака, пред некој ден направив плочка со PIC16F84 кој мислам е добар за учење на било кој програмски јазик. Искористени се 8 излези т.е 8 диоди се палат гасат по програма со различна брзина. Уредот беше претставен во еден туториал за PIC BASIC програмскиот јазик. Симнете го од тука:
http://hotfile.com/dl/22502141/50ebaa4/Mikrokontroleri.zip.html
Шемата:
PCB:
И хексадецимален код кој е програмиран во PIC BASIC:
http://hotfile.com/dl/22502935/c50a824/dvizenje_na_diodi.hex.html
Уредот супер функционира. Темата ја отворив во врска со програмирање нов код во PIC C на истиов уред.
Го снимав mikroC PRO for PIC v3.2. Дали некој може да ми каже дали може да се отвори x.HEX фајл во оваа програма и да ја гледам целата структура на програмата? Дали некој може да ми каже како изгледа структурата на овај програмиски јазик? Нешто слично на овa:
void main() {
наредби;
наредби;
}
Ако не му е мака на некој би можел некои основни работи да ми објасни. Бидејќи сум запознат со C програмскиот јазик, го учам на школо, да видам како би изгледало PIC C. Какви разлики има и сл. Како ги контролираме влезните и излезните изводи... Јас почнав да читам од книгата што ја имаше ставено WildSide_MKD, се е опфатено но не се добро објаснети (или јас добро не ја разбрав) основните работи на структурата на една програма во PIC C.
Линк:
http://www.megaupload.com/?d=ACMM65IA]http://www.megaupload.com/?d=ACMM65IA