Ќе се помачиш малку при пресметка.
Незнам како ти оди математика ама не е страшно.
И јас сам ја прерачунував од искуства од интернет .
Ќе ти ги кажам главнбите работи на кои ќе внимаваш
1.
Должина на линијата .
Таа се смета во напречен пресек на кутијата и тоа на средината на тунелот.
Ако викаш дека добро ти звучи 12 ката а на нејзе тунелот и е околу 1,9 метри . На 10 инчниот бас фреквенцијата на резонанса му е пониска од тој 12 инчи (претпоставка)
Тогаш за 10 инчниот бас ќе го скратиш тунелот околу 10 до 15 сантиметри (цевката ќе биде пократка) односно околу 1.75 до 1,8 метри вкупна должина на тунелот.
2.
Отворот на цевката (издувот ) ќе го пресметаш да биде со иста површина како и ефективната површина на мембраната на басот .
Под мембрана ја подразбирам само картонскиот дел (или што и да е ) а не и амортизерот на звучникот (гумата).
3.
Плоштината (површината во напречен пресек)на комората во пресек зад басот на почетокот на линијата треба да биде 1.25 до 2.5 пати поголема од ефективната површина на мембраната на басот.
Во случајот со 12 инчната кутија мислам дека го сметав 2 пати поголемо (дупла површина)на комората зад басот(почетокот на линијата )
Овие напатствија ти се доволни за да направиш кутија што ќе функционира солидно иако сум се изнагледал разни формули и дизајни на ТЛ кутии (со еднаков пресек, со широк почеток и тесен крај , На почетокот тесни зад басот а отворот многу поширок односно форма на хорна итн ).
Потоа постојат формули за пресметки на односи на површини на отворот и комората зад басот со површина на мембрана на бас (разни пропорции )
Во суштина ова што ти го напишав е најважното и се разбира потоа следи период на тестирање со исполнувањето односно ќе мораш да експериментираш со лиото .
Имам приметено дека и една рака лио повеќе или помалку во кутијата многу го менува звукот .
Така да засукај ракави исцртај скица и фрли се на пресметки .
така ја дизајнирав и јас оваа кутија.
До администраторите
Се извинувам можеби постов требаше да го пишувам во делот за трансмисиона линија ако мислите така префрлете го таму