Author Topic: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048  (Read 33839 times)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
што пари е интегралецот?

Околу 400 денари, но зависи од чие производство е, ако е оргинал на SANYO сигурно е дупло поскап ;).

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Благодарам :)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Сега еден финално да ми каже дали е добро да го правам ова појачало или не е баш лесно да се направи ???

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Кога сакаш да правиш засилувач се почнува од тоа за што ти треба тој засилувач или поточно да се изразам какви звучници сакаш да "тераш" со него. Потоа следуваат останатите работи. Затоа наведи барем со што звучници располагаш и дури потоа може да ти препорачаме нешто. Или можеби немаш купено звучници е тогаш веќе е друга работа, тогаш пак прва работа е за што планираш да го користиш засилувачот, за дома, за озвучување на некој поголем објект и сл. Според мене засилувачот е добар, моќен, но јас сепак би одел со изработка на транзисторски засилувач кој ќе биде далеку подобар од овој засилувач. STK интегралците немаат вградено заштита во нив и една грешка и отиде во канта интегралецот. Засилувачот според мене е лесен за изработка, но тоа зависи нели од тоа колку ти имаш познавање од електрониката и дали имаш изработено досега барем некој посложен засилувач. Сепак на тебе останува да одлучиш ;).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако не си сигурен,направи прво нешто помало и поевтино,за да не ти е мака ако нето зачури.Второ,оди по обратна насока - прво види со какво напојување располагаш или можеш да платиш,бидејки за 200W да добиеш ти треба трафо од 350-400W за да бидеш без грижи.Тука се ладилниците,електролитите итн.кои се поскапиот дел на *операцијата-појачувач*.Значи прво пресметај се,собери материјал,па види дали си спремен да започнеш.За прашања и за мајтап не има доста на Форумов!

Offline dejanpetrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
  • Gender: Male
  • Кратово
Hahahaha -како што кажаа колегите единствена мана на стк интегралците им е што немаат вградено заштита, и друга важност е никако да не го приклучуваш на помалку од 8 оми, подобро би било стави 2 сериски и ке немаш гајле ако се одлучиш за овој. За полесна изградба можеш да искомбинираш на готова плочка од емитер списанието, го имаше како универзален засилувач со стк од 6 до 100 вати и со додавање на уште 3 главни отпорници и други делови засилувачот е готов за проба   ;D
admin: не ставај рекламни потписи за други форуми

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Трафо имам 500W со 2x35V, а за звучници, планирам и тоа да си направам, ама некои јаки, давајте предлози да разгледам ;)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Трафото ти е одлично и можеш да изработиш доста моќен аудио засилувач. Според моќноста и напонот на трафото еве од мене еден предлог за изработка на квалитетен и прилично едноставен транзисторски засилувач кој е далеку поквалитетен од засилувачот во оваа тема. Се базира на комплементарните дарлингтон транзистори BDW83C и BDW84C (TIP142 и TIP147) и има моќност од 150W на 4Ω. Ќе изработиш два вакви моно засилувачи и со малку труд ќе добиеш одличен стерео засилувач со моќност од 150W по канал (2 x 150W на 4Ω или 2 x 100W на 8Ω), што e премногу за домашна употреба ;D. Овој засилувач го имам изработено барем 10-тина пати и секогаш проработувал од прва и затоа ти го препорачувам :). Во продолжение имаш линк од се што ти е потребно за изработка на овој засилувач (шема, монтажна, пцб) и ако се одлучиш да го изработиш ти стојам на располагање за било каква помош ;).

Code: [Select]
http://www.box.net/shared/6xl0vgh0g0

Фала многу, да разгледам колку би ме чинело за деловите се, па ако е прифатливо да почнам со изработка ;)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Фала многу, да разгледам колку би ме чинело за деловите се, па ако е прифатливо да почнам со изработка ;)

Нема проблем, затоа сме тука да си помагаме едни на други :).

Околу цената можам веднаш да ти кажам дека за стерео верзија ќе те кошта околу 1200 денари (зависи од која продавница ќе ги купуваш деловите, но тука некаде е цената) што е прилично евтино за изработка на засилувач со ваква моќност, но тоа е така бидејќи ти го имаш најскапиот дел во секој засилувач - трафото :).

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048
« Reply #85 on 16.04.2012, Monday, 21:45:03 (Edited 16.04.2012, Monday, 22:04:01) »
Фала многу, да разгледам колку би ме чинело за деловите се, па ако е прифатливо да почнам со изработка ;)

Нема проблем, затоа сме тука да си помагаме едни на други :).

Околу цената можам веднаш да ти кажам дека за стерео верзија ќе те кошта околу 1200 денари (зависи од која продавница ќе ги купуваш деловите, но тука некаде е цената) што е прилично евтино за изработка на засилувач со ваква моќност, но тоа е така бидејќи ти го имаш најскапиот дел во секој засилувач - трафото :).

Да го немав тоа не ни гибнувам нешто, едно вакво трафо може да е 50 евра :D

EDIT: Заборавив да те прашам, таа плочката што е дадена треба двапати да ја направам и деловите по два да ги множам, така ???

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048
« Reply #86 on 16.04.2012, Monday, 22:08:01 (Edited 16.04.2012, Monday, 22:19:19) »
Заборавив да те прашам, таа плочката што е дадена треба двапати да ја направам и деловите по два да ги множам, така ???

Да, пишав јас горе во предлогот дека се работи за моно засилувач и дека треба да изработиш две плочки. Цената што ти ја пишав е за стерео верзија, значи двете плочки и деловите ќе те фатат околу 1200 денари ;).

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: Одг: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048
« Reply #87 on 16.04.2012, Monday, 22:10:15 (Edited 18.04.2012, Wednesday, 21:16:32) »
Заборавив да те прашам, таа плочката што е дадена треба двапати да ја направам и деловите по два да ги множам, така ???

Да, пишав јас горе во предлогот дека се работи за моно засилувач и дека треба да изработиш две плочки. Цената што ти ја пишав е за стерео верзија, значи за двете плочки и деловите ќе те фатат околу 1200 денари ;).

OK, фала уште еднаш, па ако треба помош ќе те барам ;)

Споено мислење: [time]18 Април 2012, 20:15:50[/time]
А ке може ли на ова засилувач да се направи некаква контрола на јачината ??? И уште за колкава омажа на звучниците е ???

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Ќе може ли ???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048
« Reply #89 on 27.04.2012, Friday, 22:50:00 (Edited 27.04.2012, Friday, 22:51:59) »
Во основа на секој појачувач одговараат 8 омски звучници.Овој ке работи и со 4 омски (транзисторскиот) ,ама со зголемено греење и поголема потрочувачка.За регулирање на јачината на влезот треба да ставиш само еден потенциометар од 10-50 Кома- логаритамски(моно /стерео- зависи како го правиш засилувачот).Еве како :