Author Topic: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048  (Read 33853 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Засилувач 200W на 4 оми со STK4048
« Opened on 27.12.2009, Sunday, 00:17:56 (Edited 16.10.2014, Thursday, 22:24:24) »
Ова е шема на засилувач со моќност од 200W на 4 оми со интегрираното коло (хибридот) STK4048. Изработено е и функционира супер како засилувач во активен сабвуфер.

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Baze

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Ех да го оставеа Никола Тесла и понатаму да твори.
Би се сложил дека засилувачот ке функционира во АКТИВЕН звучник кој има импеданса од 8 ома.Но не би ви препорачал да го возите на 4 ома.Можеби на ова нема да се сложите,можеби некој го има работено на 4 ома(но само на ниско ниво) но доколку го појачате на максимум...нема да тера мн време  :) проверено.Има некои серии на засилувачи на техникс кои користат СТК,па и нив да ги возите на 4 ома по некое време се расипуваат.Но за во активен звучник кој си има 8 ома ке си функционира одлично.

Offline riki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Слободно колега би можел со STK4048 да побудуваш звучник од 4 ома, нормално притоа треба да пазиш на тоа да не го ставиш на максималниот оперативен напон од +-60V него треба да го спуштиш, да речеме на +- 48-50V и има да ти тера неодредено, т.е. со тоа што ќе имаш звучник од 4 ома, воопшто нема да го оштетуваш самиот засилувачки модул.
 - Е сега нормално ако му донесеш напон од +-60V и го ставиш на 4 омски звучник, нормално дека или звучникот ќе изгори, ако не е со адекватна моќност, или самиот STK модул ќе изгори или од прегревање, или излезните транзистори ќе му изгорат од преголема струја! (второто е поверојатно)

Offline Baze

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Ех да го оставеа Никола Тесла и понатаму да твори.
 :) тоа се е ок и го ценам твоето мислње.Но ете ке ти кажам што се случи последно,една серија на појачала на техникс беа изведени со стк.Појачалото си беше нормално работено дома и по некое време почна едноставно да ги гори осигурачите,и мораше да се смени стк-та.Имам и други да речам малку лоши искуства со нив и затоа сепак стојам на моето размислување  ;D поздрав

Offline riki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Остави ти Technics мајсторе. Тоа што го зборам јас нема врска со веќе вградени STK модули. Нормално дека со вашето Technics pojaчало ќе има проблеми, затоа што ако напонот на кој требало да се напојува STK модулот е наменет за да даде определена моќност на 8 ома, треба да му ставиш звучник од 8 ома, инаку ќе грее значително повише.
А ти во тоа појачало немаш шанса никако да му го мењаш напонот на напојување

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
Борче да не имаш случајно ППК за оваа шема?

Offline Sajko

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 126
  • Gender: Male
Одг: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048
« Reply #6 on 09.05.2010, Sunday, 14:34:08 (Edited 10.05.2010, Monday, 02:14:18) »
Code: [Select]
http://www.elektronika.lt/_sys/storage/2004/04/25/stk4048xi.pdf
Еве Влатче има тука подоле ППК.
А што пари е интегралецов?

ЕДИТ (администратор): Ве молам кодирајте ги линковите!
R135
└┼┼┤
  246

Offline ljup4o

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 155
Мојата стара миксета што ај користев мислам дека беше со ваков интеграл и многу гореше со мојата група се иамае оддадено од пари по тој интеграл мислам дека беше негде од 800 до 1200 денари ама ич не сум задоволен и сега така само стои миксетата си купивме нова  :)

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
Одг: Засилувач 200W на 4 оми со STK4048
« Reply #8 on 09.05.2010, Sunday, 15:50:22 (Edited 31.08.2015, Monday, 23:19:24) »
Мојата стара миксета што ај користев мислам дека беше со ваков интеграл и многу гореше со мојата група се иамае оддадено од пари по тој интеграл мислам дека беше негде од 800 до 1200 денари ама ич не сум задоволен и сега така само стои миксетата си купивме нова  :)
незнам во алфа елетроник е околу 500 мислам,прашај го перо

edit-најдов ППК за шемава,можеби ке му затреба на некој па еве ја (печатете на А4 на 25%, сликите се превртени и спремни за тонер трансфер).





Offline DARK

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 389
не е многу сложена шемата а доста моќен е засилувачот

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Напомена само дека колото бара доста голем ладилник за да издржи. Голем во смисла барем 10х25см или повеќе!
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
борче а дали би можело да се стави напојување од +/- 80 волти,за ладење ке се снајдеме

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Може да се стави напојување од +/- 80V само ако наместо STK4048 ставиш STK4050 и така ќе добиеш 300W минимум од оваа шема. И со него треба веќе плус и ладење со вентилатор.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
вака интегралецов е векен купен,така да ке го тераме на ова напојување,а во дада шитот пишува дека за STK 4048 максимумот е некаде околу 87 волти симетрично напојување.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Опасно е да го возиш STK4048 при максималното напојување но ако евентуално го возиш на +-80V тогаш никако да не користиш звучник од 4 оми оти ке прегори 100%. Само 8 оми.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.