Да, сега го погледав дијаграмот. И таму напонскиот максимум оди до 3 волти.Финтата е што овој склоп работи импулсно.
Па да, тоа ми беше и мене поентата, поради тоа погрешно е ако се мери еднонасочен напон, овој склоп е импулсен, се разбира дека ќе даде погрешна вредност
. Евентуално може да даде правилно отчитување (и тоа само ефективна вредност) aко се мери наисменичен напон, мада повеќето волтметри се наменети да „читаат“ само назименичен синусоидален напон, не знаат да се „снајдат“ со импулсни напони (понекогаш знаат до некаде барем правилно да прочитаат средна вредност на триаголен напон, но зависи од дизајнот на волтметарот). Затоа, за овој тип на склопови, најдобро е да се мери напонот со осцилоскоп и да се пресмета RMS напонот на исчитаната вредност
. Ова тешко се прави, особено доколку не тие дигитален осцилоскопот, но со некои апроксимации и правилно интегрирање, како и користење на Matlab (или симулација во Pspice), може да се пресмета RMS на напонот кој го дава на излез ова коло
.