На шемата нема осигурач, ама сакам да му клам. Прашањето ми е : каков осигурач да клам? фала
Врзи амперметар поставен да мери на наизменично подрачје (наизменична јачина на струја) и види колкава струја влече уредот кога сите три сијалици се пуштени. Ова можеш да го постигнеш ако микрофонот на уредот го поставиш многу блиску до звучник (се разбира, од звучникот трешти музика
). Измерената јачина на струја помножи ја со некоја вредност меѓу 5 и 10 (малку експериментално се бира оваа вредност). Гледаш која од табеларните вредности на осигурувачи е најблиска до помножената (најблиска повисока) и земаш таков осигурувач. На пример, ако помножиш со 7 и гледаш дека уредот нормално работи, но осигурувачот сепак гори, ја множиш измерената вредност со 10 и ја повторуваш истата постапка (бираш најблиска табеларна вредност за осигурувачи за добиената измножена вредност).
Не знам дали оваа постапка е правилна, јас си ја имам смислено
(бидејќи немав кој да прашам на времето
), но до сега сум немал проблеми со неа
.
Но, оваа вредност на осигурвачот ќе важи само за тие моќности на сијалици кои ги имаш врзано. Ако ставиш доста помоќни сијалици, ќе треба да се зголеми и вредноста на осигурувачот.
Инаку, во однос на прашањето за брзината на осигурувачот, мое мислење е дека дефинитивно треба да биде тром
.