провери грешка да не имаш во поврзувањето,или пак до транзисторите да не е.Тие може да се изгорени,потруди се најди некои нови транзистори,ама со иста ознака.Провери го Т2 да не ти допира на нешто,тој провери го дали е добро изолиран од ладилникот.Тој може да прегори исто така,ако претходно имаш направено краток спој или пак повлечено повеќе струја,ти твоето напојување колку волти на колку ампери е?Да не си го прегорел Т2 ако на излез си ставил потрошувач кој влече повеќе??Може да е до тоа,дека јас еднаш купив од бувлјакот еден мал принтер,принтерот работи на 12волти 2,2 ампери кога го поврзав на моето напојување со 500мили ампери на излез одма изгоре стабилизаторот.Провери да не ти е тој транзисторот Т2 изгорен,и кога ќе го испробуваш не ставај некој потрошувач туку поврзи некој отпорник со диода,па види дали ќе работи.Претходно намести го на напон од 5волти изворот