Јас едно време користев една Creative Sound Blaster 16 како звучна картичка за влез на осцилоскоп, ама од оние „апла старите“, што се монтираа на ISA/EISA слотовите. Звучната картичка сеуште работи и е во топ форма, искрено една од најдобрите картички што ја имам користено (покрај сегашната екстерна што ми е на USB, Lexicon Omega). Произведена е во 1994 (!!!) и до ден денешен ги „јаде“ СИТЕ on-board картички во однос на квалитет на звук. Односот сигнал/шум и е релативно помал во однос на денешните, но тоа е разбирливо, сепак е произведена пред 16 години. На интернет случајно начекав сервисна шема (!!!) за кртичкава, не ни знаев дека воопшто постојат сервисни шеми за картички, но бидејќи не е целата изведена во SMD и плус дека тогаш биле „изгор“ скапи, изгледа морале да направат една. На влезот на картицата (Aux) има заштита од краток спој, заштита од пренапон, и уште ред други заштити.
Така да, ако може некој да си набави некоја стара машина со ISA/EISA слот на неа, како на пример PII или PIII машина и некој од многуте модели на Creative Sound Blaster 16, може комотно да ја користи картицава за осцилоскоп дури и без заштити. Самата си има електронски прекинувач во неа, така да доколку дојде до пренапон/спој, самата си го гаси сигналот на влез и проверува дали повторно на влез е краткоспоена или има преголем напон, ако нема, повторно се пушта во работа, ако не, влезот e изгасен се додека не се среди проблемот. Заштитата е изведена на хардверско ниво, така да нема воопшто да пречи на совтерот, само нема да има сигнал на влез на софтверот за осцилоскопот, по што ќе знаете дека заштитата се пуштила
.