Бидејќи варира напонот, како што рече bicikle, ќе ти треба еден регилатор LM317, за да го држи напонот стабилен. Со правилен избор на отпорниците во напонскиот делител, подеси напонот на излез од LM317 да биде околу 4V.
Второ, бидејќи минималниот напон е околу 4V, не би ти препорачал диодите да се врзани сериски, премногу е мал напонот, или едвај ќе светат или воопшто нема да свтат (6 X 0.7V = 4.2V, па значи минимален напон на кој би требало да се пуштат диодите е 4.2V, и тоа во најдобар случај, некои диоди имаат и поглем пад на напон, дури и до 1V). Поради тоа, подобро е да ги врзеш паралелно со еден помоќен отпорник (на пример 1W, иако и ова е малку голема вредност, но нека биде предимензионирано малку) со вредност од околу 100 оми (експериментирај малку, ако прејако светат, зголеми ја вредноста на отпорноста, на пример на 220 оми). Така ќе се држи стабилна јачината на светлината која ја емитираат диодите
.