користам унимер кој не екојзне колку квалитетен (кинески) и кога мерам вредноста осцилира показува вредности од 9 до 13 волти ...дали да земам средна вредност или највисока вредност
Земи некој отпорник од 5 до 10 вати, со вредност од 3,9 или 8,2 оми (зависи за какви звучки ти е предвиден засилувачот) и поврзи го на излезот од засилувачот. Е сега ако засилувачот ти е повеќе од 10 вати некаде до кај 50, отпорникот стави го во тегла со вода за да не прегрее. За поголеми моќности може да ставиш 10 отпорници од 39 или 82 оми паралелно врзани
На влез пушти синусен сигнал (исклучиво синусен, со музика не може да измериш) околу 100 Hz од звучна карта и унимерот намести го за мерење на наизменичен напон и измери колку напон има на излезот.
Моќноста ти е:
Измерениот напон на квадрат/отпорот (3,9 или 8,2)
Ова е наједноставниот начин на мерење на моќност на засилувачи што го знам