Ќе барам поголем калем односно да нема многу голем отпор пошто на овај отпорот е околу 4M оми барем така покажува инструментот.
Тоа е премногу. Изгледа во отворена врска ти бил калемот, најверојатно прегорел кога си сакал да го програмираш PIC-от. Тој калем не е наменет да издржува голема струја, ама изгледа твојот па бил наменет за премала струја и изгорел :S. А можеби и не бил калем, не знам, јас толку мали калеми, искрено, немам видено.
Можно е USB интерфејсот на PIC-от да изгорел, ама и тоа некако не ми прави логика, ако гори обично цел гори.
Јас не би ти порепорачувал да го преправаш цел бидејќи, ако е PIC-от проблематичен, најверојатно пак нема да ти работи. А врската на PIC-от со USB портата е директна (директно е врзан со USB портата), така да, можно е и како што пиша, PIC-от да е изгорен.
Провери во Device Manager. Треба да го јави како HID Device. Ако по поврзување на PICkit-от со компјутерот, во Device Manager не јави ништо, провери ги врските од пин 15, 16, 19 и 20 со крајот од USB кабелот кој се врзува во компјутерот. Ако некој од овие пинови преспојува према некој друг пин или ако нема контакт со некој пин од USB кабелот, проблемот е во интерфејсот, не во PIC-от.