Треба кога ќе стиснеш на Write копчето да имаш околу 12V напон на тој излез, инаку, не би требало цело време да има 12V на Vpp. Теоретски, било која вредност меѓу 5V и 12V ќе го стави PIC-от во programming mode, односно ќе биде „отворен за програмирање“, така да, не се секирај и ако вредноста е нешто пониска од 12V. На мојот PICKit 2 е скоро секогаш околу 11V, а некогаш и под 11V (некогаш 10.5V, некогаш 10.7, 10.8V), не е вредноста толку критична
. Важно е да го нема тој напон цело време, туку само кога ќе стиснеш Write и додека го програмира PIC-от
.
EDIT: Сега забележав дека си ми одговорил на прашањето
.
Тоа зеленото не е диода туку е Калем пошто има 3 бои црвена и кафена и златна па немжев да го проверам колку му изнесува вредноста иначе имам ставено кај D4 краткоспојник .. само е од другата страна на плочката не е од таа :S
Ау да, извини, моја грешка
. Мене ми се виде како на тоа место да треба да стои диода (според шемата), ама сум згрешил
. Под калемот треба да има диода
.
Кога сме веќе кај диодата D1, не ти е диодата D1 обратно поставена?