Сега напонот Vpp ми беше 10-12 волти, па јас малку го зголемив (му го намалив отпорникот R3 кој ја дава повратната врска за напонот) така да сега е оклу 13.8 ама пак не сака.
Не го менувај тој напон, максималниот напон мислам дека е 13V (не ме земајте за збор), a минималниот е 9V, така да и со 10.нешто волти би требало да работи
. Може проблемот е во 18F2550, можеби не ти бил испрограмиран правилно или некој бит/бајт во EPROM-от да сменилч места, што е доволно за да не функционира како што треба софтверот :S. Штом не функционира како што треба со нитуеден PIC, може и тоа да е проблемот :S.
Пробај да го приклучиш на друго PC, можеби напонот на USB портот да му е премал, кај мене на USB портовите даваат едвај 4.8V, па од таму следува дека и напонот за напојување на PIC-от е околу 4.8V, ама можеби со малку помал напон не функционира како што треба :S. Не знам што да ти кажам :S. Јас прво би го пробал на друго PC да видам дали навистина проблемот е до PICkit-от или до напонот на USB портовите
.