Ааааа колега убаво си го спастрил +реп,само не сваќам што е ова +5V +3.3V,тоа е некој напон за тој микроконтролер што го програмираш или што?
Да, тоа е напонот со кој бираш дали програмираш 3.3V-ен или 5V-ен PIC
.
Браво супер изгледа! Само како ги спои витропласт плочките, со што лепак ги залепи?
Не морало да ставаш копче, и онака не ти треба 3,3V
Со двокомпонентен лепак ги лепев, од оној спориот, 24 чаовниот, Neostik најдов па таков земав
. Толку се испраксирав во лепењево на ова плочкиве, да знаете колку ми остана од лепакот, ехеееееее
. На почетокот ептен ми идеше, дека не занев како треба да се лепи, колку да се стави, колку е доволно, ама после
, кога научив како треба, со еден лепак (околу 150 денари е на пазар) можете да направите па сигурно едно 3 или 4 кутии од витропласт плочки
. А сигурно може и со пертинакс, ама покршливи се, па искрено, не би препорачал, плус, одкако ќе се исшмирглаат, не изгледаат убаво, треба да ги обоите со некоја боја за да изгледаат на нешто :S. А витропластов и шмирглан супер изгледа, не му треба боја
.
Инаку за преклопникот, и јас се мислев, и на крај си реков, ај ќе ставам, можеби некој ден ќе ми притреба, па после кој ќе отвора и прелемува (мала е кутијата, едвај го намонтирав во неа, а камо ли пак да го расклопувам
), вака се ми е на дофат
.
Инаку фала на сите за пофалбите, сите да си направите поубави кутии
.
Витропласт плочи можете да најдете на отпад, дел ги имам така најдено, а дел ми се од расклопени медицински апарати. Тие по отпадите се најчесто од некои стари компјутери (од 1970-тите, или така нешто), има еден куп логички кола на нив (ќе притребаат за нешто
), а јас ги земав за без пари или за некоја смешна сума на пари (50 денари за 10 плочки со димензии 25cm на 15cm од прилика, или така нешто, искрено не ми текува, одамна беше :S, мада не верувам цените да се имаат многу сменето, барем не за битропласт плочи
).