Исвинете вака што се убацувам, но дури сега го забележав ова...
Колеги,за ова програмaторот може место таа зенерката од 4,3V да ставам,исто зенерка ама од 4,7V?
може,зашто да не.
Сега видов за што е потребна зенер диодата од 4.3V, потребна е за генерирање на 3.3V-ниот напон за програморање на некои 3.3V-ни PIC-ови. Кога транзисторот Q5 е ON (а е ON цело време, поточно во NAP), напонот Vbe (напонот меѓу базата и емитерот) му е околу 0.7V, 0.8V, 0.9V, зависи од напонот на напојување (напонот на USB портот). Зенер диодата има две функции. Прво, обезбедува правилно функционирање на транзисторот Q5 (правилна поларизицаија), зашто ако падне напонот на напојување (напонот на USB портот) под 4.3V, транзисторот Q5 се гаси и не може да се добие 3.3V-ниот напон за напојување на PIC-от. Втората функција на зенер диодата е да обезбеди правилен напон на напојување за 3.3V-ните PIC-ови, 4.3V - Vbe = 4.3V - 0.8V = 3.5V што е доволно блиску до теоретската вредност од 3.3V. Што ќе се случи ако се замени 4.3V-ната зенер диода со 4.7V-на? Па две работи. Прво, можно е Q5 да се гаси и ако напонот на USB портот падне под 4.7V (што може да се случи, јас баш на моето PC мерев, напонот е околу 4.8V, поточно 4.78V), но тоа е нормално, сум чул дека може тој напон да падне и до 4.5V и пак да работи портот како што треба. Но ако ја смениш зенерката со 4.7V-на, ако падне напонот под 4.7V нема да работи Q5 и нема да може да го даде напонот за напојување на 3.3V-ните PIC-ови. Второ, напонот на напојување на 3.3V-ните PIC-ови нема да биде 3.3V (односно околу 3.5V) туку ќе биде доста повисок бидејќи 4.7V - Vbe = 4.7V - 0.8 = 3.9V ~ 4V, што е веќе неприфаливо голем напон за програмирање на тие PIC-ови. Од тие причини, не ја менувај зенер дидодата, стави таква каква што теба, односно таква каква што е препорачано и напишано во шемата.
Не викам дека нема да работи и со таква, најверојатно и ќе работи, само што можно е да прегориш некој 3.3V-ен PIC или воопшто да не можеш да го испрограмираш :S.
Исто така, за тие кои немаат поставено тастер, отпорникот R21 е излишен (нема потреба да го монтирате).