тенко никаде нема,тешко да се најде.Додека ова е широко,но со клешта или скалпел ќе се скинат тие пластичињата и имаш тенко
Па и тоа е можна опција, дури и подобра
, ќе видам што како ќе правам
.
Споено мислење: 12.12.2010, Sunday, 19:20:21
ОК, вака сега, според шемата на macobt, вака се распоредени пиновите за програмирање на PICkit 2 Clone:
Пин 1: Vpp MCLR, овој пин се кроисти за ресетирање на PIC-от, односно за бришење на меморијата во него. Скоро сите PIC микроконтролери имаат ваков пин (ако не и сите). Овој пин најчесто се користи за ICSP (In Circuit Serial Programming), односно ако програмирате нешто што е веќе поставено на плочка (на пример protoboard) и сакате да го репрограмирате PIC-от и да видите како ќе се однсува со новиот firmware PIC-от. Кога е активен Vpp пинот, напонот му е 12V (затоа е и потребен step-up конвертор на напон, односно затоа е потребен калемот до 680uH).
Пин 2: Vdd, овој пин се користи за напојување на PIC-от, без разлика дали програматорот е поставен да работи во ICSP мод или не. Значи овој пин мора да биде врзан за пинот за напојување на PIC-от ако сакаме да го испрограмираме PIC-от
.
Пин 3: GND, Vss, ова е негативниот пин од напојувањето за PIC-от. Значи и овој пин мора задолжително да биде врзан за PIC-от кој сакаме да го програмираме, без разлика дали PICkit 2 Clone е врзан во ICSP мод или не.
Пин 4: DATA, ICSP_DATA, преку овој пин се носат податоците за програмирање на PIC-от. PIC-овите најчесто имаат ICSP_DAT (ICSPDAT) пин на кој се врзува овој пин од програматорот и така може да се изврши трансферот на податоци (.hex-ot) од PC до PIC-от
.
Пин 5: CLK, Clock, преку овој пин се носи тактниот сигнал до PIC-от, но само при програмирањето на PIC-от. Значи овој пин не се врзува за некој од пиновите каде што се поставува кристалот за такт, туку се носи на посебен пин наменет за тоа, најчесто (во datasheet-овите за PIC-овите) наречен ICSP_DAT или ICSPDAT пин.
Пин 6: Aux, Auxiliary, овој пин се користи
САМО за програмирање на некои видови на EEPROM мемории (на пример 24CXX мемориите на Microchip). Овој пин во нiкој случај не смее да се користи за програмирање на PIC-ови, поради тоа, доколку програмирате само PIC-ови, не ви треба.
Ако нешто не ви е јасно, подетално објаснување за распоредот на пиновите и нивната функција имате во user manual-от за PICkit 2, распоредот на пиновите е ист со тој на PICkit 2 Clone
, само што PICkit 2 Clone-от ја нема таа меморијата со која преку тастер се програмира PIC-от, така да можете да го рипнете тој дел од user manual-от
.