Author Topic: PICkit2 Клон  (Read 248520 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #750 on 18.02.2016, Thursday, 23:37:45 »
Дали некој од вас го користи софтверот за PICkit2 на Linux ? Дали има некој емулатор или пак PICkit2 софтвер наменет за Linyx?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #751 on 20.02.2016, Saturday, 02:36:32 »
Колку што знам, официјална поддршка од Microchip нема за PICkit2 за под Linux, но најверојатно можеш со Wine да го работиш. Софтверот користи .NET Framework 2, а колку што имам читано, прилично добро е изведена поддршката за Framework 2 под Wine ;). Можно е да треба малку да го подесуваш Wine и можеби ќе треба да користиш некои оригинални библиотеки од Windows (XP или 7 x86), но би требало да може да се подеси ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #752 on 12.11.2016, Saturday, 19:08:36 »
Може шема за програматор за пик18ф2550.?
Ако има некој нацртана дали може да ја објави?  :)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #753 on 12.11.2016, Saturday, 21:11:45 »
Ако сакаш со PIC18F2550 да направиш PICkit2 програматор, тогаш најдобро е некој да ти го испрограмира пикот. Сигурно ќе најдеш некој во близина што има програматор.
Ако сакаш се сам да направиш, провери на следнава страница.
Code: [Select]
http://extremeelectronics.co.in/microchip-pic-tutorials/making-a-simple-pic-programmer/Тоа е едноставен програматор кој што е базиран на JDM програматорот, содржи 2 транзистори и неколку диоди. Работи со PICpgm софтвер и има поддршка за PIC18F2550.
Code: [Select]
http://members.aon.at/electronics/pic/picpgm/
Жан

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #754 on 13.11.2016, Sunday, 19:34:52 »
Благодарам. ;D
Не не, се заинатив јас,или ке ја правам или ништо.
Да не ја имаш нацртано,испробано?

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #755 on 13.11.2016, Sunday, 21:43:29 »
Немам испробано, а за цртање, можам да ја нацртам, не е комплицирана  :)
Жан

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #756 on 13.11.2016, Sunday, 21:49:21 »
за PICKit2 Clone, мислам дека и на форумов беше постирана. Јас го имам изработено ,има и плочка и се готово за него.
А за јдм, мн е лесна...и на прото плочка ќе брка работа, затоа што од ко ќе го направиш пик кит2, нема да употребиш скоро никогаш јдм :P

Немам ништо на лаптоп, а компјутерот ми е Охрид. Побарај низ форумов.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #757 on 13.11.2016, Sunday, 23:35:26 »


Повелете.
Кој ќе ја направи плочкава, нека проба и нека каже резултати  :P

Жан

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #758 on 14.11.2016, Monday, 00:13:07 »
Code: [Select]
https://drive.google.com/file/d/0B70xIJiKmCxjU2xNYjkwYmF5UDA/view?usp=sharing
еве овај пробан и работи...за пик кит е :)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #759 on 21.11.2016, Monday, 19:27:06 »
Го направив JDM програматорот и работи.
Еве неколку слики

плочката отпечатена и избушена


калаисана


склопена


поврзана на компјутер и испрограмиран PIC18F2550


Важно: Како и сите други верзии на JDM програматор, и оваа не работи со USB-to-Serial конвертор. Мора да се користи COM порт од компјутер или од PCI картичка.
Жан

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #760 on 21.11.2016, Monday, 19:37:58 »
Убаво сето тоа, но темава е за PICkit2 Клон :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #761 on 21.11.2016, Monday, 19:43:31 »
Убаво сето тоа, но темава е за PICkit2 Клон :)
Точно, но за да направиме PICkit2 треба со нешто да го испрограмираме PIC-от.
Жан

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #762 on 21.11.2016, Monday, 20:19:17 (Edited 21.11.2016, Monday, 20:24:32) »
Леле па како не кажа, ке ти го програмирав пикот, 10 секунди работа е. И овој програматор е ок, нека стои за резерва.

П.С. Пофалба до тебе, еден од ретките електроничари од форумов кои сеуште изработуваат склопови. Порано пред 5-7 години имаше многу (меѓу нив и јас) кои бевме многу посветени на изработка на разни уредчиња. Сега некако тој тренд опадна за жал.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 78
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #763 on 18.12.2016, Sunday, 21:40:09 »
Како се нарекуваат тие кај Iscp i кај 5 волти.Како да му објаснам на продавачот?
Патем како работи уредов, имате некоја скрипта.За да програмирам некој пиц пример, треба поврзам на тие портите и да одредам дали 3 или 5 волти ке се користат и после само хекс фајлот и готово?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #764 on 19.12.2016, Monday, 02:05:36 »
Претпоставувам мислиш на D4 и D2. D4 е шотки диода а D2 е зенерка. За D4 работа ќе заврши било која шотки диода со максимална струја од 1A и пробивен напон од... 20V па нагоре. За D2 работа ќе заврши било која зенер дидода со зенеров напон од 4.3V, не е важна моќноста (и најслабата ќе заврши работа).

За програмирање, ти треба софтверот од Microchip (PICkit 2 Programmer) или било какво IDE/debugger/programmer кој има поддршка за PICkit 2.

Jumper-от за 3.3V и 5V е за избирање на работен напон на микроконтролерот кој го програмираш. Оваа информација може да ја наједш во datasheet од микроконтролерот кој сакаш да го испрограмираш. Претпазливо со овој jumper. Ако избереш погрешен напон за напојување на микроконтролерот, може да го изгориш.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."