Author Topic: PICkit2 Клон  (Read 248841 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #660 on 08.06.2013, Saturday, 19:23:23 »
Се ми е проверено како што треба само немам ставено пик ... Без пик јавува ваква грешка? Немам во моментов пик за да пробам :\

Провери дали ти се правилно монтирани сите транзистори (дали на правилно место им се поставени емитерите базите и колекторите според шемата). Мое лично мислење е дека, ако немаш спој на плочката (како што викаш), некој транзистор ти е погрешно монтиран.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #661 on 08.06.2013, Saturday, 19:57:46 »
слободно на местото на Q5 и Q1 стави BC547,и мене ми се појави овој проблем,но ги заменив и сега одлично работи.Друга работа,тој од 100nF мене ми правеше проблем,па ставив помал.

Offline Josifosky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #662 on 08.06.2013, Saturday, 23:52:50 (Edited 09.06.2013, Sunday, 00:00:04) »
Не мора да има PIC, само не треба да покажува грешка "VPP Voltage error". Нешто не е во ред со VPP линијата. Сигурно има краток спој, неисправен дел или погрешно поставен дел. Стави линк до шемата според која го имаш правено програматорот и ако можеш и слика од твојата плочка.
Еве две слики кај што е оваа еднава диода ја извадов оти мислев дека ова VDD треба да биди 5V а со диодата ми покажуваше 4,81V вистина немам претстава што можи да е проблемот..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #663 on 09.06.2013, Sunday, 00:11:02 »
Заокружената диода, сигурно е 1N4148? Да не е зенер диода случајно? И ако веќе си решил да ја извадиш D4 (1N5817), си требал барем краткоспојник да ставиш. Вака, не иде напојување до PIC-от кој сакаш да го испрограмираш и нормално е дека нема да сака да се испрограмира ;D. А тоа што има 4.8V место 5V, нема проблем. И мојот програматор јавува 4.8V место 5V, воопшто нема никаков проблем да имаш со програмирањето на PIC-овите ;). Или врати ја D4 или на нејзино место стави краткоспојник... иако, јас би ти препорачал да ја вратиш, таа е заштита, да не случајно нешто се врзе погрешно, па да изгори PIC-от кој сакаш да го програмираш ;).

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Josifosky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #664 on 09.06.2013, Sunday, 00:32:15 (Edited 09.06.2013, Sunday, 04:43:48) »
Тоа зеленото не е диода туку е Калем пошто има 3 бои црвена и кафена и златна па немжев да го проверам колку му изнесува вредноста иначе имам ставено кај D4 краткоспојник .. само е од другата страна на плочката не е од таа :S

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #665 on 09.06.2013, Sunday, 00:36:04 (Edited 09.06.2013, Sunday, 04:38:51) »
Калемот е многу мал, и сигурно е мотан со многу тенка жица и има голем отпор, па не може да даде доволно струја. Замени го со поголем.

Жан

Offline Josifosky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #666 on 09.06.2013, Sunday, 00:42:34 (Edited 09.06.2013, Sunday, 00:47:00) »
Ах незнам да правам калем :\ Некој да не знае каде има во Прилеп овај ми го имаа пратено од битола од Алфа

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #667 on 09.06.2013, Sunday, 02:21:51 »
тој калем мислам дека се користи за напон за програмирање (13V) и нетреба голема струја за него
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Josifosky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #668 on 09.06.2013, Sunday, 02:34:28 »
тој калем мислам дека се користи за напон за програмирање (13V) и нетреба голема струја за него
а без него можи ? да го извам ?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #669 on 09.06.2013, Sunday, 04:19:24 (Edited 09.06.2013, Sunday, 04:21:21) »
nope, неможеш :)

и ај пушти го програматорот и види дали на VPP имаш 13V (толку мислам дека требаше да има) и пиши што напон ке добиеш :)
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #670 on 09.06.2013, Sunday, 04:42:44 (Edited 09.06.2013, Sunday, 04:59:29) »
Треба кога ќе стиснеш на Write копчето да имаш околу 12V напон на тој излез, инаку, не би требало цело време да има 12V на Vpp. Теоретски, било која вредност меѓу 5V и 12V ќе го стави PIC-от во programming mode, односно ќе биде „отворен за програмирање“, така да, не се секирај и ако вредноста е нешто пониска од 12V. На мојот PICKit 2 е скоро секогаш околу 11V, а некогаш и под 11V (некогаш 10.5V, некогаш 10.7, 10.8V), не е вредноста толку критична ;). Важно е да го нема тој напон цело време, туку само кога ќе стиснеш Write и додека го програмира PIC-от ;).

EDIT: Сега забележав дека си ми одговорил на прашањето ;).

Тоа зеленото не е диода туку е Калем пошто има 3 бои црвена и кафена и златна па немжев да го проверам колку му изнесува вредноста иначе имам ставено кај D4 краткоспојник .. само е од другата страна на плочката не е од таа :S

Ау да, извини, моја грешка ;). Мене ми се виде како на тоа место да треба да стои диода (според шемата), ама сум згрешил ;). Под калемот треба да има диода ;).

Кога сме веќе кај диодата D1, не ти е диодата D1 обратно поставена?

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #671 on 09.06.2013, Sunday, 08:08:51 »
Според сликата, добро е поставена, прстенот (катодата) е лево.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #672 on 09.06.2013, Sunday, 09:50:49 »
Теоретски, било која вредност меѓу 5V и 12V ќе го стави PIC-от во programming mode...
А практично, од 7,5V до 13,5V   :)

За тестирање на програматорот може да се користи опцијата Troubleshoot од менито Tools, од софтверот за PICkit2.

На следниот линк има објаснето како може да се провери програматорот.
Code: [Select]
http://www.auelectronics.com/Q5.htm
Линк за симнување на програмот PICkit2.
Code: [Select]
http://ww1.microchip.com/downloads/en/DeviceDoc/PICkit%202%20v2.61.00%20Setup%20A.zip
Жан

Offline Josifosky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 125
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #673 on 09.06.2013, Sunday, 12:22:52 (Edited 09.06.2013, Sunday, 12:41:59) »
На VDD кога го ставам на troubleshoot добивам 4,99 што е во ред а на VPP кога  mclr on има 0V а кога е на mlcr off добивам 0,8V :\ Во Test Result добивам SHORT :(
-Ништо го прегорев најверојатно Pic-от ми се споиа VDD и Gnd и ништо не покажува сега кога ќе го поврзам најверојатно е изгорен чипо :\ Дали вреди да земам нов чип или да барам па Original Pickit

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: PICkit2 Клон
« Reply #674 on 09.06.2013, Sunday, 13:43:54 »
ти види усб портот дали ти е отиден, мене многу пати ми се имаат спојувано ама за среќа матичната има заштита за краток спој на усб излезите па се е ок :)