Во принцип, и мојот PICkit2 Clone правеше проблем со поновите верзии од MPLAB IDE, од тие причини се откажав да го користам тоа IDE, или евентуално би го користел во комбинација со PICkit2 софтверот (компајлирам во IDE-то, exprt-ирам и потоа се тоа се load-а во PICkit 2 софтверот и со него се програмира
).
Мислам дека сите кои имаа проблеми со PICkit2 и MPLAB IDE се откажаа да пробаат да ги средат проблемите :S. Едноставно се префрлија на друго IDE :S. Мене пак ми јавуваше error за некомпатибилност на firmware-от на PICkit2 и MPLAB 8.XX (не ми текнува која точно верзија беше, ама во тој момент кога пробував, најнова беше, прочитај во претходните post-ови, ќе видиш за која верзија правам муабет
) и ми бараше update да направам, што се разбира не го направив, но некои од членовите на форумот се жалеа дека одкако направиле update, PICkit 2 Clone-от веќе бил неупотреблив, односно ни MPLAB, ни PICkit2 софтверот веќе не го читал програматорот како што треба или воопшто не го читал :S. Мислам дека update-от е најверојатно истата верзија на firmware-от на PICkit 2 Clone-от, со таа тразлика што имаат сменето дел од кодот за да ги препознава Clone-овите и да ги оневозможи да работат, или евентуално има некој нов код напишано што е поддржан само од оригиналните верзии на PICkit 2, не и Clone-овите, така да штом забележи firmware-от дека не може определена команда да ја изврши, му јавува на IDE-то дека не е оригинален PICkit 2-ката и (нормално) IDE-то јавувда дека нешто не е во ред или воопшто не го препознава програматорот :S. Така да, доколку ви побара било кој софтвер да направите update на firmware-от на PICkit 2 Clone-от, не го рпавете тоа, на крајот ќе треба да го репрограмирате PICki 2 Clone-от со Оригиналниот firmware за да може да функционира :S.
Пробај го програматорот со PIVCkit 2 софтверот и види дали ќе ти го јавува истиот error, PICkit 2 софтверот уште веднаш на гравниот прозорец има поле во кое го пишува измерениот Vdd, види дали ќе го јавува истиот Vdd како и MPLAB
. Доколку го јавува, нешто не ти е во ред со шемата, доколку не го јавува истиот, значи дека MPLAB е проблемот, односно некомпатибилноста меѓу Clone-от и новите верзии на MPLAB :S. Напонот кој би требало да го јавува треба да биде од 4.7V па до кај 4.9V, на screen shot-ови што ги имам начекано на net не видов никој кој има поголем Vdd од 4.9V, а тој напон се разбира зависи од напонот на напојување на USB портовите, односно напонот кои они на излез го даваат, кој ретко е поголем од 4.8V или 4.9V
(зависи од плоча до плоча и напојување до напојување, но ретко е 5.0V или 5.1V
).
Споено мислење: 24.03.2011, Thursday, 14:30:03
Еве сега баш проверив на друг компјутер и ми го дава истиот проблем.
Initializing PICkit 2 version 0.0.3.63
Found PICkit 2 - Operating System Version 2.32.0
PICkit 2 Unit ID = OlHoss
PK2Error0023: Target Vdd measured at 4.11V which is outside the programmable range of this device ( 4.50V - 5.50V)
PICkit 2 Ready
Провери си ја шемата и распоредот на пиновите на транзисторите, можно е да си ги утнал емитер и колектор на некој од нив :S. Мене тоа ми се случи со мојот и јавуваше Vdd од 3.8V
.