Author Topic: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM  (Read 59832 times)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Ова не е никаков доказ, целерон неможе да издржи толкав такт на работа, па сега ти ако сакаш верувај ;). Клокни го ти на таа брзина и нека работи како што треба па потоа ме повикај да видам и да се уверам. Aко успееш еве јас ти го давам гратис мојот компјутер. Не го гледај ти AMD FX, тој процесор е измислен за Celeron, едноставно не се ни споредуваат 8-core (32nm) vs 1-core (65nm), тоа ти е како да споредуваш Мерцедес и Фичо, хахахаха ;D.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059

Ќе издржи,ќе издржи само со многу големо ладење,течен азот на -190 и нешто степени(или колку и да е)...Ама пак нема ваљда да играм јас игри на толкав клок и до мене течниот азот па да му дотурам на секој 5мин :D.Aма гледаш дека може над 5.5GHz имаш и клип на youtube како го клокаат тој AMD на 7GHz.Јас не можам да најдам течен азот,ама да најдам леле мајко после ;D .А еве пак за celeron:
Modlabs.net LN2. Celeron 360 3,46@7,15 Ghz
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ќе го носиш ти брзо пак кај Гига компјутерот на правење, така ми личи... ;) ;D

И мене така ми личи ;D, хахахахахаха ;D ;D ;D.

Ова не е никаков доказ, целерон неможе да издржи толкав такт на работа, па сега ти ако сакаш верувај ;). Клокни го ти на таа брзина и нека работи како што треба па потоа ме повикај да видам и да се уверам. Aко успееш еве јас ти го давам гратис мојот компјутер. Не го гледај ти AMD FX, тој процесор е измислен за Celeron, едноставно не се ни споредуваат 8-core (32nm) vs 1-core (65nm), тоа ти е како да споредуваш Мерцедес и Фичо, хахахаха ;D.

Со воздушно ладење, нема теорија, но со 1000W напојување и со ладење на течен азот, да, може да се дигнат толкави тактови на LGA775 серијата ;). Сигурен сум дека може, но колку што знам Malecko нема течен азот, хахахаахахахах ;D ;D ;D.

Ќе издржи,ќе издржи само со многу големо ладење,течен азот на -190 и нешто степени(или колку и да е)...Ама пак нема ваљда да играм јас игри на толкав клок и до мене течниот азот па да му дотурам на секој 5мин :D.Aма гледаш дека може над 5.5GHz имаш и клип на youtube како го клокаат тој AMD на 7GHz.Јас не можам да најдам течен азот,ама да најдам леле мајко после ;D .А еве пак за celeron:

Абе ќе се постигне, ама за 2 саати ќе липса... хахахахахахаха ;D ;D ;D. Како што ти рече batka, за постигнување, ќе се постигне, но нема да издржи ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе Мало само инат водиш!! ;D Сум видел инаетчии кои после плачат и кукаат да најдат барем нешто половно за фејсбук  :D :D :D Течен азот, платински плочи .бакарни стеги..... батали такви муабети * ако имам јас течен азот...*. Бидете бре реални,стално тоа го повторувам.Во IT технологијата,во компјутерите - колку ке платиш-толку ке возиш!! Не е тоа поле за садење тикви,па ке се наттеруваме чија е поголема,а уште неродена! ;D ;D Чувајте си ги компјутерите ,оти еве почнаа цените да скокаат!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Од готово - ВЕРЕСИЈА, тоа е преводот за напумпување на работна фрекфенција ПЦ

Offline Steff_Maja

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 232
  • Gender: Male
    • FaceBook
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #65 on 01.02.2012, Wednesday, 22:00:04 (Edited 01.02.2012, Wednesday, 22:03:29) »
Оверклокот воопшто не е опасен, ама со неправилно ракување може да биде смртоносен за било кој дел од компјутерот.
Тие течни азоти воопшто не ги гледајте. Нема услови за такво нешто кај нас, прескапо е и не е практично. Ај да те видам со течен азот клокни процесор за домашно користење. Повеќе време треба да посветиш на азотот и температурата отколку да го користиш компјутерот. Дали знаете дека за тие клокови од 7-8 GHz работат и по 10 луѓе на него?
Јас порано имав Core2Duo E4300 (кој го има GigaWatt сега) и ми беше клокнат минимално од 1.8Ghz на 2.0Ghz без подигање на волтажата туку само со зголемување на bclk.
Сега моментално имам друга конфигурација која е малку поснажна и поиздржлива на оверклок. Подолу има SS од мојот оверклок на 4.5Ghz. Рамот немам потреба да го клокам и исто така графичката бидејќи не сум гејмер. Ми го треба само процесорот и сега за сега екстра си ја врши работата.
Процесорот е Intel Core i7 2600K (Stock 3.4Ghz, Overclock 4.5Ghz). Процесорот е клокнат со зголемување на множителот на Turbo Mod-от и маалку зголемен напон. Се работи за 1.367V. За ладење имам ставено Thermaltake Contac 29BP со 2 вентилатора и Cooler Master Elite 430 куќиште со добра вентилација. Максималните температури се до 73 степени што е во граница на нормала. За овој процесор максимална температура му е 75/80 степени. Тестот е правен со Prime95 кој според многу луѓе е најдобар софтвер за тестирање. Исто така сетинзите на него се Custom за да биде најоптеретен компјутерот и со тоа да добиеш стабилен клок за 24/7. Еве го SS.

Едит:

Заборавив да спомнам дека за оверклок треба сите компоненти да се квалитетни, а не само процесорот. Треба да имаш добра матична која може сето тоа да го издржи, напојување кое ќе дава МНОГУ стабилен напон и рам меморија со добри тајминзи и висока фреквенција.
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Blue 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Се испофали ,добро,ама сепак на крај велиш:

*Заборавив да спомнам дека за оверклок треба сите компоненти да се квалитетни, а не само процесорот. Треба да имаш добра матична која може сето тоа да го издржи, напојување кое ќе дава МНОГУ стабилен напон и рам меморија со добри тајминзи и висока фреквенција.*

Е,па значи си вложил куп пари и сега правиш од готово-вересија! Така јас тоа го викам.Знаете како е кога ке се *фризира* мотор од кола: Работи велат 100 км одлично,ама потоа - не се знае .Или за секоја трка,менувај делови.Не сме толку богати (како држава мислам!) да си поигруваме со нашите компјутери.Добро е да се знае што е overclock ,ама најдобро е да се чуваат машините,бидејки секој кикс чини пари.Каква ни е струјава,добро е и што работат како-така  ;D ;D

Offline Steff_Maja

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 232
  • Gender: Male
    • FaceBook
Оверклокот во граници на нормала никогаш не е опасен. Секако повторно ќе кажам дека сите делови треба да се квалитетни и способни за издржување на такква работа.

Quote
Се испофали ,добро

Зарем ова тема не е за оверклок ?
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Blue 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #68 on 02.02.2012, Thursday, 12:48:51 (Edited 02.02.2012, Thursday, 12:53:34) »
Ха.ха,да за тоа е ! ;D Само не е баш препорачливо. :o Дури е и опасно.Да не биде како она: му купиле на детето костим на Бетмен и тоа помислило дека може да лета.... 8)Проблем е ладењето и квалитетот на деловите кои ги поседувате.Кај постари компјутери -да,ама кај нов дво,тро или шетворојадрен процесор - не гледам која е логиката?????

Offline Pance24

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 101
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #69 on 02.02.2012, Thursday, 13:01:22 (Edited 02.02.2012, Thursday, 13:52:10) »
Здраво по долго листање низ форуми и туторијали се решив и јас да ја оверклувам мојата машина од 3гхз на 3.5гхз е сега би сакал некој да ми каже дали оваа машина,процесор, и кулер се добри за оверклокување. Машината е MSI p35 Platinium,Procesor intel core2duo 3ghz fsb800, Ладилникот е некој огромен со 2 цевки исполнети со фреон и кулер на него пишува DEEPCOOL  или поточно овоа е сликата од мојата матична. Патем напојувањето е 500 вати реални а на сликава е друго DELUX 750w

Code: [Select]
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=232930

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не ја гледам логиката! Зошто би оверклокувал добра машина? Секако дека може,ама...секогаш постои ризик да се зезне нешто и само трошок би имал.И можеби подобро е да ставиш 750W напојување.Прво напојувањето страда да знаеш,па матична и процесор!
Ако си решил ,со среќа. 8)

Offline Pance24

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 101
Не ја гледам логиката! Зошто би оверклокувал добра машина? Секако дека може,ама...секогаш постои ризик да се зезне нешто и само трошок би имал.И можеби подобро е да ставиш 750W напојување.Прво напојувањето страда да знаеш,па матична и процесор!
Ако си решил ,со среќа. 8)
Арно викаш батка за да не оверклокувам и така ми е добра не сум имал добиено досеа ниту NOt Responding или било какво кочење.. Бидеќи Оваа матична ми е склопена дел по дел и скоро нови делови купени а предходно речиси пред 1 месец заради ненаместен убаво Ладнакот на процесор цркнав друг е6550 кој што беше дупло побрз од сегашниов и поскап...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Pance24, нареден пат кодирај линкови!
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Pance24

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 101
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #73 on 15.04.2012, Sunday, 12:30:45 (Edited 15.04.2012, Sunday, 12:44:15) »
Ова не е никаков доказ, целерон неможе да издржи толкав такт на работа, па сега ти ако сакаш верувај ;). Клокни го ти на таа брзина и нека работи како што треба па потоа ме повикај да видам и да се уверам. Aко успееш еве јас ти го давам гратис мојот компјутер. Не го гледај ти AMD FX, тој процесор е измислен за Celeron, едноставно не се ни споредуваат 8-core (32nm) vs 1-core (65nm), тоа ти е како да споредуваш Мерцедес и Фичо, хахахаха ;D.

Бујрум доказ за Целеронот :D

Quote from: Devil
По втор пат ја поставувам сликава вака да стое, нареден нема да има

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #74 on 15.04.2012, Sunday, 12:38:50 (Edited 15.04.2012, Sunday, 13:03:04) »
Што доказ е ова 3.2GHz :D. Моето мислење што си го цитирал се однесуваше за Celeron клокнат на 8GHz ;D.