Author Topic: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM  (Read 59922 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Од искуство : како сервисери оверклокуваме- ама на лично инсистирање на газдата на компјутерот - со тоа што прво му укажуваме на  човекот што се може да му се случи и дека не стоиме зад одговорноста од евентуален квар!!! Потоа ,малку по малку го креваме клокот,ама се додека не осетиме дека системот станува нестабилен.Кај нас еден Интел Е 5200 го оверклокнавме до 6500 со промена на напојувањето (750 вати), Кулер-мастер ладење со два вентилатори ,со ладење на стабилизаторите на матичната , виа- чипсетот итн.Колегава Коки едно три недели беше прв во некои европски рамки,во категорија на тој процесор... Сепак,ако немате работа,совет -  не се чепкајте кај што не ве чеша! ;D ;)

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #31 on 18.12.2010, Saturday, 21:09:09 (Edited 18.12.2010, Saturday, 21:54:29) »
Во глобала се на се еден процесор (било кој) со површината што ја има за ладење неможе ни теоретски да излади 200W а камоли практично. Воглавно како термички проводник од силициумот се користи бакар кој со таа термичка проводност и површина од приближно 9cm2 неможе да пренесе повеке од 200W под услови да се друго е идеално без термичка отпорност (паста, допирни површини, нерамнини итн.) Значи 450 до 500W  се реални за било која конфигурација од i7 и некоја од најјаките графички. Јас имам Е6600 на 2.4GHz, и работи оверклокуван на 3.4GHz со залман кулер од P7N zillent set. се на се троши 87W (измерено) при 100% терет на двете јадра. Значи баталете 800W, толку не трошат ѕверски сервери, тие муабети за мали деца.

Споено мислење: 18.12.2010, Saturday, 21:54:29
Ајде да пишеме нешто повеке за процесорот. Значи процесорот е главниот во едно РС и без него РС-то е мртво во буквална смисла на зборот (на пример без графичка, тастатура итн може да работи). Процесорот еднојадрен или повекејадрен има своја кеш меморија и тоа во повеке левели. Јадро како јадро се состои од неколку делови, мегу кои ALU-аритметичко логичка единица, регистри-мемориски локации малку и блиску до ALU-то, повекестепен инструкциски декодер, и многу други делови кои нема да ги пишуваме за да не збуниме уште повеке. ALU знае да прави неколку аритметички единици мегу кои се: собирање, одземање, множење, делење, бинарно „И“, бинарно „ИЛИ“, и „исклучиво ИЛИ“ за процесорите за генерална намена, додека EMBEDDED процесорите знаат уште 20-30 операции да прават. Значи се што знае процесорот е тоа, и за него се се бројки кои единствено што им прави се тие операции. Сите INTEL, AMD, ARM, и слични процесори се RISC процесори со LOAD and STORE архитектура. Тоа значи дека процесорот сите операции што ги прави на бројките ги прави локално помегу регистрите. Процесорот незнае да пристапи до RAM или некоја друга надворешна меморија. За тоа се грижат други модули што се наогаат во процесорот но надвор од јадрото. Процесорите си имаат свои интрукциски сет во зависност од фамилијата и производителот, како и сите различна архитектура. Најблиску како меморија е L1 кешот, до кој исто така јадрото незнае дапристапи иако се во еден чип. Тоа за него го прави копроцесор, најчсто копроцесор „15“. Задачата на овој копроцесор е на инструкција LOAD од главниот процесор со зададена адреса да му го достави податокот ако тој го има во првиот кеш. Ако го нема таму ке мора да го побара од вториот кеш, ако го нем ани таму ке го бара од третиот кеш. И така сите копроцесори со ред ке си ги бараат податоците. Ако ги нема дефинитвно во кеш тогаш дури стриминг процесорите на магистралата од меморискиот контролер ке ке ја постават адресата во RAM и ке го иницијализираат меморискиот контролер да им ги даде тие податоци и така по обратен редослед ке ги достават до јадрото. Но сета оваа работа ке се изврши по наредба на јадрото, тоа е главно а сите други му се слуги. успат пропуштивме уште илјадници работи кои не се многу битни за да се створи генерална слика на еден процесор. Сето ова, јадрото, и сите контролери MMU-модул за менаџирање со меморија, копроцесори, сите тие работат на различни фреквенции. Па за да се синхронизираат ке мора да има арбитери помегу самите магистрали, и тие семногу битни кога се оверклокува. Стандардниот AHB арбитер е хардкодиран од биосот на 4 клока доцнење спрема L1 кеш контролерот и неговиот копроцесор. Бидејки првиот копроцесор не е зависен од FSB тој ке остане со ист клок, а со зголемување на на FSB ке се зголеми фреквенцијата на јадрото. Тогаш ке почнат да се промашуваат циклусите на запишување и процесорот ке чека дупло време за побарување (наместо 4 циклуси или еден инструкциски циклус тој ке мора да чека двапати по 4 бидејки за 4 нема даму стаса одговор од копроцесорот). Одговорот од копроцесорот на пример ако е зголемен клокот за 25% ке стасаодговор за 5 циклуси ама јадрото ке мора да чека 8 бидејки за 4 се прмачиле. Со ова се добива од оверклок 25% убрзување за само 5-10%. Ако се сменат овие времуња, а се менуваат, може да се добие целосно убрзување, барем за она за колку сме го зголемиле клокот. Истото се случува и на сите копроцесори и модулот за менаџирање на меморијата „MMU“. Потоа може да се оверклокуваат стриминг процесорите на MMU, кои ке овозможат побрз проток на податоци спрема RAM меморискиот контролер, а со тоа и побрзо добивање на бараниот податок доколку го има веке во баферот на контролерот. Има уште еден копроцесор кој има работа да го менаџира pipeline. имено INTEL имаат 20 stage pipeline. Во него се обработуваат инструкциите, се декодираат, се проверуваат услови па дури и се уништуваат (се заменуваат со NOP-no operatin инструкција). Ако се оверклокува овој копроцесор ке се зголеми и протокот на инструкции, а со тоа ке се убијат мртвите времиња (HALT) на процесорот. Кога има кодот доста скокови, а јадрото е со зголемен такт, нема да стаса да добие интрукции и ке мора да чека иако има 4 пајплајнинга. И тоа ја намалува ефикасноста на целиот процесор. Со други зборови ако се среди се што треба во него, а има уште финеси, ке се добие забрзување од 40% наспроти оние 10% ако само се зголеми FSB. Понатаму ке објасниме како се оверклокува рамот, што значат неговите тајминзи секој пооделно, и како да се добие најдобри перформанси од целиот систем. За процесорот понатаму ке кажеме уште некои детали кои се битни за арбитерите спрема рамот, но за тоа кога ке збориме за рамот и неговата магистрала.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #32 on 20.12.2010, Monday, 20:31:10 (Edited 21.12.2010, Tuesday, 19:21:16) »
Еве се потрудив да најдам уште нешто за оверклокување  ;).

стр.1 стр.2

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Браво deophorant, многу убаво објаснето ;). Детално. Сепак, ова не е доволно за може некој кој е тотален лаик во оваа наука (да бидеме реални, станува збор за цела субнаука) да свати определени работи што се (FSB, ALU, регистри) :S. Затоа спомнав, прво прочитајте некоја книга за архитектурата на модерните компјутерски системи (x86 архитектура), па после побарајте малку на Google ако нешто не ви е јасно, па дури тогаш прашајте нешто ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Како правилно да ги overclock-увате вашите CPUs/Mother Boards/RAM
« Reply #34 on 21.12.2010, Tuesday, 00:10:13 (Edited 21.12.2010, Tuesday, 00:22:07) »
и ко ќе науќиш све за x86 архитектура оп ете нова технологија  :) џабе си учел. Инаку како што идат ос и технологијава све дамбетер е во смисла на разбирање. на времето имав целерон 366мхз го оверклокирав во биос на 450 и некој мхз, до пред некое време тераше, накрај хдд-то цркна. Не дека имаше некоја разлика, ама ај дете интересно ми беше... инаку тоа беше пред 10-тина год....  :)
Е сега нели имат кеш меморија па рата на освежување на рам меморија, пристап до податоци, сето тоа влијае, и ред други глупости.... Башка мисла имат и хардверски оверклокирања али незна многу за тоа. Секако треба и зголемување ан површината ан ладилниците, т.е. поголеми ладилници или појаки вентилатори. Мада онај дома што го има и онака прегрева не па да го оверклокира. А и овај "лактусов" т.е. лаптопов не е нешто поарен, грее урла, а којзнае како се отвара не па да му менува напајања батерии ладилници .....
Деопхрант, како измери колку троши процесорот ?

Offline Steff_Maja

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 232
  • Gender: Male
    • FaceBook
Првите 2 реченици од заклучокот од тој извадок што го има ставено ја кажуваат целата работа.
Јас според мене не ми оверклокирал ништо. Зошто да си го намалам векот на траење на елементите кога може да си работи и вака. Секако ако се стави подобро ладење, ако се инвестира повеќе можеби и нема да го намали векот, ама пак таа инвестиција што ќе ја дадам да не биде прескапа ? т.е. да го продадам на старо тој процесор и да ги соберам со парите што ќе ги дадам за ладењето јас ќе купам нов процесор со исти, а можеби и подобри карактеристики од оверклокираниот.
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Blue 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Првите 2 реченици од заклучокот од тој извадок што го има ставено ја кажуваат целата работа.
Јас според мене не ми оверклокирал ништо. Зошто да си го намалам векот на траење на елементите кога може да си работи и вака. Секако ако се стави подобро ладење, ако се инвестира повеќе можеби и нема да го намали векот, ама пак таа инвестиција што ќе ја дадам да не биде прескапа ? т.е. да го продадам на старо тој процесор и да ги соберам со парите што ќе ги дадам за ладењето јас ќе купам нов процесор со исти, а можеби и подобри карактеристики од оверклокираниот.

Не мора да значи дека ќе се намали векот на траење на компонентите, дури и ако немаат баш најадекватно ладење. Имам видено clock-нати машини кои терале повеќе и од некои кои не биле clock-нати, се е до изборот на компоненти и нивниот квалитет. Ако се квалитетни, најверојатно и clock-нати ќе тераат повеќе од некои машини кои не се (жив пример за тоа се мите домашни компјутери, PII-ката и PIII-ката веќе 4 или 5 години по ред работат clock-нати цело време без додатно ладење).

Повторно ќе речам, зависи од машината и комбинацијата на компоненти, така да иако според сите пресметки и теории clock-натите компоненти помалку време траат/тераат, не е секогаш така ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Првите 2 реченици од заклучокот од тој извадок што го има ставено ја кажуваат целата работа.
Јас според мене не ми оверклокирал ништо. Зошто да си го намалам векот на траење на елементите кога може да си работи и вака. Секако ако се стави подобро ладење, ако се инвестира повеќе можеби и нема да го намали векот, ама пак таа инвестиција што ќе ја дадам да не биде прескапа ? т.е. да го продадам на старо тој процесор и да ги соберам со парите што ќе ги дадам за ладењето јас ќе купам нов процесор со исти, а можеби и подобри карактеристики од оверклокираниот.

повеќе ке трае оверклокуван процесор со добро ладење одколку не оверклокуван процесор со лошо ладење, тоа што го скратува векот на траење е топлината, ако се држи ладен продесорот ке трае и тоа како, а ако се тера со тоа ладилникот што ти го дале кога си го купил тогаш ке ти рикне...

ова што е пишано не е од мене кажано, него од човек што се разбира од компјутери, уствари тоа ги прави цел живот...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Sekoj svasta pisuva, sekoj si ima svoja teorija, no najcesto toa so go slusame e od nekoj samouci hakercinja koi pima si nemaat ni od procesori a ni pa od kompjuterski sistemi, i overklokuvaat samo so FSB clk, pa za niv se sto postoi e rekla kazala. Tocno e deka se namaluva vekot na traenje na komponentite ama sega toa ke go prestavam realno. Znaci ne se namaluva vekot na traenje ako e overklokuvan nekoj element, tuku se namaluva vekot na traenje ako toj element raboti so zgolemena rabotna temperatura. Znaci so obezbedeno ladenje i temperatura do 50 stepeni nema da se namali vekot na traenje. A patem kolku e vekot na traenje na eden procesor, 10 mozebi 15 godini, i na kolku ke go namalime na 8-12 godini. Pa soketie core2duo za 10 godini, togas toj ke go ima vo sekoj casovnik, a ti masinata doma ke ja zivees so nego. patem ke objasnuvame i podetalno i poosnovno, samo da najdam poveke vreme, se za x86 i x64 sistemite, i se sto ve interesira, od pocetok do kraj. Sledniot pat planiram da pisam nesto poveke za startup sekvencata, koja ke pomogne vo overklokuvanje no najveke vo servis. Izvinete za latinicava no nemam moznost momentalno da pisuvam poinaku. Ako moze nekoj od administracijata neka go prepise tekstov.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Znaci ne se namaluva vekot na traenje ako e overklokuvan nekoj element, tuku se namaluva vekot na traenje ako toj element raboti so zgolemena rabotna temperatura.

Добро, ова не го спомнав бидејќи мислев дека на повеќето им е јасно. Приципот е ист со оној со кој се кршат камењата во пустините, екстремно толи денови, екстремно ладни ноќи.

Znaci so obezbedeno ladenje i temperatura do 50 stepeni nema da se namali vekot na traenje. A patem kolku e vekot na traenje na eden procesor, 10 mozebi 15 godini, i na kolku ke go namalime na 8-12 godini. Pa soketie core2duo za 10 godini, togas toj ke go ima vo sekoj casovnik, a ti masinata doma ke ja zivees so nego.

Е ова заборавив да го пишам, ми беше во глава, ама ми летна додека пишував некој од претходните post-ови, добро што ти текна да го пишеш ;).

Izvinete za latinicava no nemam moznost momentalno da pisuvam poinaku. Ako moze nekoj od administracijata neka go prepise tekstov.

Нема проблем ;). Искрено, ме мрзи сека да препишувам ;D. Нека остане како што си е ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Steff_Maja

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 232
  • Gender: Male
    • FaceBook
Не ме сфаќајте погрешно. Јас го кажав моето мислење и сепак не сум за оверклокирање.
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Blue 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Јеј ајде и јас да се пофалам хах ;D,сега и јас имам оверклокуван компјутер,тоа благодарност на колегата GigaWatt! ;D Aj не се разбирам многу,ама ќе пишам за колку проценти е оверклокуван според EVEREST :).

-Процесорот за 32% сега е 3,7GHz ;D
-Графичката за 10%
-Меморијата на графичката за 7%
-Незнам дали рам-от се оверклокува,ама па и незнам кај пишува во ова еверест :D

Дај вие пишете за колку ви се оверклокувани машините... ;) ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Како што пишав мене  онака ми греат и десктопот и лаптопот... Инамку мислам дека се оверклокува и рамот, нема да добиеш повеќе туку побрз -рата на освежување на рамот- така барем мислам, инаку во основа не пректикува оверклокирање, не дека мислам дека не треба или не е пожелно, едноставно немам потреба, не игра некој си игри, програмиве горе-долу ги тераат  :)

Aко знаеш да оверклокуваш,подобро направи му на компјутерот оверклок,ќе видиш колку ќе се убрза ;).Или па однеси го кај некој нека му направи оверклок.Моево PC-ко ново е сега тазе преинсталирано+оверклокувано супер е.А претходно какво беше бреее живците ми попуштија,оноа на XP кога се лоадира,на почетокот тие трите сини коцкички едно 20 пати свртеа дур да се уклучи,а остај па после кога ќе дојде на десктоп :D.Е сега да го видиш кога е клокнат,одма за 5 сек се уклучува и одма можеш да отвориш mozzilla,а не да чекаш 5 саати дур да се подигне оперативниот систем...Сега 1-2 ќе пројдат тие коцкичките и готово се уклучи... ;) ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
за рам да го клокаш ке ти требаат и ладилници за него...