Оверклокот воопшто не е опасен, ама со неправилно ракување може да биде смртоносен за било кој дел од компјутерот.
Тие течни азоти воопшто не ги гледајте. Нема услови за такво нешто кај нас, прескапо е и не е практично. Ај да те видам со течен азот клокни процесор за домашно користење. Повеќе време треба да посветиш на азотот и температурата отколку да го користиш компјутерот. Дали знаете дека за тие клокови од 7-8 GHz работат и по 10 луѓе на него?
Јас порано имав Core2Duo E4300 (кој го има GigaWatt сега) и ми беше клокнат минимално од 1.8Ghz на 2.0Ghz без подигање на волтажата туку само со зголемување на bclk.
Сега моментално имам друга конфигурација која е малку поснажна и поиздржлива на оверклок. Подолу има SS од мојот оверклок на 4.5Ghz. Рамот немам потреба да го клокам и исто така графичката бидејќи не сум гејмер. Ми го треба само процесорот и сега за сега екстра си ја врши работата.
Процесорот е Intel Core i7 2600K (Stock 3.4Ghz, Overclock 4.5Ghz). Процесорот е клокнат со зголемување на множителот на Turbo Mod-от и маалку зголемен напон. Се работи за 1.367V. За ладење имам ставено Thermaltake Contac 29BP со 2 вентилатора и Cooler Master Elite 430 куќиште со добра вентилација. Максималните температури се до 73 степени што е во граница на нормала. За овој процесор максимална температура му е 75/80 степени. Тестот е правен со Prime95 кој според многу луѓе е најдобар софтвер за тестирање. Исто така сетинзите на него се Custom за да биде најоптеретен компјутерот и со тоа да добиеш стабилен клок за 24/7. Еве го SS.
Едит:
Заборавив да спомнам дека за оверклок треба сите компоненти да се квалитетни, а не само процесорот. Треба да имаш добра матична која може сето тоа да го издржи, напојување кое ќе дава МНОГУ стабилен напон и рам меморија со добри тајминзи и висока фреквенција.