Author Topic: Проблем со напојување  (Read 6001 times)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Проблем со напојување
« Opened on 14.12.2010, Tuesday, 20:51:56 »
Вака,имам проблеми со PC-во никако нејќе да се угаси(сигурно многу ме сака :D)...До пред некој ден имав инсталирано Windows Server 2003 е сега од кога го инсталирав,на почетокот од кога ќе се пуштеше компјутерот ми даваше некој error и само требаше да стиснам OK за да се тргне ;D.И се мислев дека е до тоа заради error-от.Се добро,ќе покиснам на PC-то е од кога ќе сакам да го исклучам,стискам тоа Shut Down и PC-то се гаси,но после 1-2 секунди одма се уклучува автоматски без јас ништо да направам...Сега имам пак Windows 7,но и тука е истиот проблем,јас мислев дека е до Server-от, но не било.Јас се мислам дека е до напојувањето,изгледа не капира дека сакам да се изгаси компјутерот и си тера по свое ;D ;D.Имал ли некој ваков проблем,па да го сподели решението?Ајде колеги сега помагајте дур не сум го направил џигери со еден чекич! :D :D

П.С. И дај кажете чаре за тоа Genuine на седмицата,мајката негова,ме цркна!!! ;D ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Одг: Проблем со напојување
« Reply #1 on 14.12.2010, Tuesday, 20:57:15 »
Јас имав иста скроз иста заебанција ко твојата мењав и напајање и што не  пробав на крај сменив кукиште и го снема проблемот а никогаш не го ни открив што бил....
Дали некаде спој се правел на матичнава појма неам..

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Проблем со напојување
« Reply #2 on 14.12.2010, Tuesday, 20:57:51 »
прекинувач на задната страна му е мајката  
јас така имам направено на едно старо напојување
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Проблем со напојување
« Reply #3 on 14.12.2010, Tuesday, 21:00:59 »
прекинувач на задната страна му е мајката 
јас така имам направено на едно старо напојување
Па така и му правам ама преку к*р ми дојде веќе :) ;D :(
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Steff_Maja

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 232
  • Gender: Male
    • FaceBook
Одг: Проблем со напојување
« Reply #4 on 14.12.2010, Tuesday, 23:27:18 »
Провери го копчето за вклучување.

Исклучи ги жиците (од копчињата за рестарт и power on) од матичната и стартувај го компјутерот со спојување на двата пина од матичната (можеш со пенкало), потоа исклучи го по нормален пат и види дали пак ќе се вклучи.
MB: ASUS Sabertooth P67 CPU: Intel Core i7 2600K 4.5 Ghz CPU Cooler: Cooler Master Nepton 240M RAM: 16 GB Kingston Hyper X Blue 1600 Mhz SSD: Samsung 830 128GB HDD: Samsung SpinPoint F3 1TB + WD Caviar Blue 1TB + Seagate 2TB VGA: ASUS GTX 770 DC II PSU: Cooler Master Silent PRO M2 1000W Case: HAF 932 (Advanced) + NZXT Sentry 2 Monitor: Samsung SyncMaster SA350 23" Full HD Led Optical: Optiarc DVD-RW Keyboard & Mouse: Logitech MK260 Speakers: Logitech Z680

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Проблем со напојување
« Reply #5 on 15.12.2010, Wednesday, 00:21:51 »
и компјутерот од брат ми зафркаваше така, па со ресет на биосот се се среди...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Проблем со напојување
« Reply #6 on 15.12.2010, Wednesday, 00:55:47 »
и компјутерот од брат ми зафркаваше така, па со ресет на биосот се се среди...
Да му сменам батеријата?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Проблем со напојување
« Reply #7 on 15.12.2010, Wednesday, 01:06:37 »
исклучи го од штекер, и извади ја батеријата. почекај некоја минута и врати ја батеријата и кажи што си направил, ама знај дека биосот ке ти биде ресетиран и ако имаш нешто менувано во него (ако си оверклокувал процесорот на пример) пак ке треба да го правиш...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со напојување
« Reply #8 on 15.12.2010, Wednesday, 14:28:39 »
исклучи го од штекер, и извади ја батеријата. почекај некоја минута и врати ја батеријата и кажи што си направил, ама знај дека биосот ке ти биде ресетиран и ако имаш нешто менувано во него (ако си оверклокувал процесорот на пример) пак ке треба да го правиш...

Има и Reset Jumper на матичната плоча, ама за да не го абраш, овој метод е полесен, полесно ќе ја најдеш батеријата одколку Reset Jumper-от ;) ;D.

Инаку, најверојатно е некој setting во BIOS-от, барем според мене :S. Можно е да си ставил Wake Up by LAN Ring: Enabled па така да ти прави :S.

А не е лошо и да го исклучиш (од струја) и да го оставиш така еден ден. Ако после еден ден без струја BIOS-от е ресетиран, најверојатно батеријата ти е отидена :S. Ти треба нова. Отиди со старата во продавници за електронски компоненти и ќе ти дадат иста таква нова, околу 40 или 50 денари е една ;).

Провери го копчето за вклучување.

Исклучи ги жиците (од копчињата за рестарт и power on) од матичната и стартувај го компјутерот со спојување на двата пина од матичната (можеш со пенкало), потоа исклучи го по нормален пат и види дали пак ќе се вклучи.

И ова е можно, и ова ми се има случено, копчето/тастерот за ON се заглавува и/или губи и добива контакт наизменично зашто e старо/оштетено. Пробај и замени ги местата на конекторите за Reset и Start (ON) и види дали ќе го имаш истиот проблем (шансите и двете да се зезнати се многу помали, Reset се користи многу поретко, барем во денешно време, во времето на Win98 беше неопходен дел од компјутерот ;D, така да би требало Reset тастерот да биде исправен ;)).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Проблем со напојување
« Reply #9 on 15.12.2010, Wednesday, 14:33:05 »
Aј ќе пробам по овој метод,со ресет џамперот. :D Имаш идеја каде е?Матичната е GA-945PL-S3.Moре и јас знам една техника како да го најдам џамперот,ќе го џитнам у када полна со вода и има на све живо и диво да му направам ресет :D.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Проблем со напојување
« Reply #10 on 15.12.2010, Wednesday, 14:37:15 »
Ресет џамперот треба да е во близина на батеријата (барем така е на повеќето матични)  ;).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со напојување
« Reply #11 on 15.12.2010, Wednesday, 14:38:20 »
Aј ќе пробам по овој метод,со ресет џамперот. :D Имаш идеја каде е?Матичната е GA-945PL-S3.Moре и јас знам една техника како да го најдам џамперот,ќе го џитнам у када полна со вода и има на све живо и диво да му направам ресет :D.

Во user manual-от за матичната плоча ти пишува каде е Reset Jumper-от, ако го немаш „црно на бело“, симни си го од net, сигурно го има на сајтот на производителот (Gigabyte претпостатвувам дека е, GA нивна серија на матични плочи е).

Тоа со кадата не ти го препорачувам, освен ако на сакаш да правиш водено ладење за PC-то, хахахахаха ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Проблем со напојување
« Reply #12 on 15.12.2010, Wednesday, 14:43:31 »
Oк,а поточно како треба да изгледа ресет џамперот?Нешто како тастер или па две ножиња издигнати да има,па со штрафцигер да им направам short circuit? :D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Проблем со напојување
« Reply #13 on 15.12.2010, Wednesday, 14:46:50 »
Oк,а поточно како треба да изгледа ресет џамперот?Нешто како тастер или па две ножиња издигнати да има,па со штрафцигер да им направам short circuit? :D

Треба да изгледа како селекторот за напон (5V, 3.3V) на PICkit 2 Clone-от, jumper-от си стои во нересетирачка позиција и треба да го префрлиш од една позиција во друга (Reset) и да го оставиш така една секунда (може и повеќе, не е проблем) и потоа пак го враќаш во оригиналната позиција. Со ова BIOS-от е ресетиран (време, подесувања, датум... се).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Одг: Проблем со напојување
« Reply #14 on 15.12.2010, Wednesday, 14:52:16 (Edited 15.12.2010, Wednesday, 14:54:23) »
Oк,а поточно како треба да изгледа ресет џамперот?Нешто како тастер или па две ножиња издигнати да има,па со штрафцигер да им направам short circuit? :D

Треба да изгледа како селекторот за напон (5V, 3.3V) на PICkit 2 Clone-от, jumper-от си стои во нересетирачка позиција и треба да го префрлиш од една позиција во друга (Reset) и да го оставиш така една секунда (може и повеќе, не е проблем) и потоа пак го враќаш во оригиналната позиција. Со ова BIOS-от е ресетиран (време, подесувања, датум... се).
Во ова што е user manual со матичната што идеше,има едни две такви ноџиња и се именувани CLR_CMOS над батеријата се наоѓаат,сигурно тоа е тоа,ресет џамперот?

Споено мислење: 15.12.2010, Wednesday, 14:54:23
Заборавив да пишам,дали може да го ресетирам BIOS-от,вака кога е уклучен компјутерот или мора да е изгасен од штекер?
If you're good at something, never do it for free... -Joker