исклучи го од штекер, и извади ја батеријата. почекај некоја минута и врати ја батеријата и кажи што си направил, ама знај дека биосот ке ти биде ресетиран и ако имаш нешто менувано во него (ако си оверклокувал процесорот на пример) пак ке треба да го правиш...
Има и Reset Jumper на матичната плоча, ама за да не го абраш, овој метод е полесен, полесно ќе ја најдеш батеријата одколку Reset Jumper-от
.
Инаку, најверојатно е некој setting во BIOS-от, барем според мене :S. Можно е да си ставил Wake Up by LAN Ring: Enabled па така да ти прави :S.
А не е лошо и да го исклучиш (од струја) и да го оставиш така еден ден. Ако после еден ден без струја BIOS-от е ресетиран, најверојатно батеријата ти е отидена :S. Ти треба нова. Отиди со старата во продавници за електронски компоненти и ќе ти дадат иста таква нова, околу 40 или 50 денари е една
.
Провери го копчето за вклучување.
Исклучи ги жиците (од копчињата за рестарт и power on) од матичната и стартувај го компјутерот со спојување на двата пина од матичната (можеш со пенкало), потоа исклучи го по нормален пат и види дали пак ќе се вклучи.
И ова е можно, и ова ми се има случено, копчето/тастерот за ON се заглавува и/или губи и добива контакт наизменично зашто e старо/оштетено. Пробај и замени ги местата на конекторите за Reset и Start (ON) и види дали ќе го имаш истиот проблем (шансите и двете да се зезнати се многу помали, Reset се користи многу поретко, барем во денешно време, во времето на Win98 беше неопходен дел од компјутерот
, така да би требало Reset тастерот да биде исправен
).