Значи во Ексел фајлот ги има шемите, плочките и потребните елементи за овие засилувачи, ок се меѓутоа мислам дека најпаметно наместо повеќе трансформатори (за секој засилувач по еден) поевтино и попаметно е да ставиш 1 појак (200VA и повеќе) трансформатор да ги напојува сите засилувачи.
Првично ми беше да поставам 300VA трансформатор, но го оставив како опција.
Моментално во фајлот се поставени 3 трансформатори еден за басот и центарот, еден за предните и еден за задните засилувачи.
Но вчера размислив дека добро ќе биде да поставам еден од 300VA за засилувачите и еден за останатите системи од целиот проект, а тоа се филтрите и конролерот.
Значи стариот трансформатор има некаде околу 80VA и тој ке биде искористен за системот за контрола, системот за филтрирање на сигналите и HMD ( Hafler Matrix Decoder).
Инаку имам уште едно прашање, не бев сигурен дали се исправни шемите со плочките затоа сакав некој што знае повеќе од мене да ги провери, така би те замолил ако можеш да ги провериш.