за кој програм се работи поточно ?
пошто не сум во тек со дискусијата ..
За Man MANTIS 4.40
Јас колку што забележав, тој програм се користи само за разгледување на деловите на MAN автобусите (нешто како каталог е), не и за програмирање на уредот за прикажување на автобуските линии :S.
Инаку, колку што успеав да видам и да прочитам од текстот, овој е само еден од контролерите кои стандардно се користат во автобуси произведени во западна Европа. Но, од софтвер ни „с“ не можам да најдам :S. Само се спомнува дека користи RS485 порт за програмирање на овој тип на контролери. Не можам да најдам ништо ни за производителот :S. Како да не постои :S. Како да се специјално правени само за определена група на автобуси :S. Можно е да се работи за сосема друг производител и модел, само намерно да се сменети имињата за да мора да отидеш до овластениот дилер или сервисер за да ти ги смени имињата на автобуските релации :S.
Најверојатно ќе мораш да го отвориш и да видиш што контролери/чипови/меморија користи уреодт и брз база на тие податоци да побараш на Google. На пример, ги пишуваш контролерот, меморијата и уште некои чип којшто има некоја функција во уредот и гледаш дали ќе ти извади сервисна (или било каква) шема од него, јас споредуваш шемата дали е иста или слична со твојата (врз база на поврзаност на водови, компоненти, итн.), па гледаш од кој производител е и кој модел е, и потоа врз база на таа еквиваленција на модели и производители го бараш софтверот кој се користи за програмирање на овој тип на контролери
. Инаку сум скоро 100% сигурен дека станува збор за ghost фрима која ги пшроизведува тие типови на LED панел контролери само под тоа име, а по друго име и бренд ги изработува за широка потрошувачка
(исто како Кинеските шасии на телевизори :S).