Author Topic: Мотор од фрижидер  (Read 1994 times)

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Мотор од фрижидер
« Opened on 03.12.2010, Friday, 10:49:27 »
Имам еден стар фрижидер кој не работеше, пред некој ден го извадив неговиот мотор и го приклучувам во струја не дава никаков сигнал. комшијата ми вели дека немора да значи дека е изгорен можеби е цркнато тоа релето што е на него е сега кажете ми како да го проверам

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 940
  • Gender: Male
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #1 on 03.12.2010, Friday, 11:50:12 »
Епа пробај најди го релето, и расклопи некој капак ако има за да дојдеш до самиот мотор. Па после можеш да го испиташ релето, или да го врзеш директно на струја (без реле).
За секој случај, користи сјалица во серија (има на форумов како се поврзува) случајно да не има краток спој негде.
И не е лошо некоја слика да поставиш да видиме точно за што станува збор.


До администрација: Темава би требало да се премести во „Бела техника“
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6250
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #2 on 03.12.2010, Friday, 12:05:07 »

До администрација: Темава би требало да се премести во „Бела техника“
Фала за потцетувањето, темата е преместена
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни аршини/мерки/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2777
  • Gender: Male
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #3 on 03.12.2010, Friday, 12:31:52 »
зашто не ставиш кондензатор?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12055
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #4 on 03.12.2010, Friday, 16:24:23 »
зашто не ставиш кондензатор?

Постарите фрижидери немаа кондензатори во секцијата за „палење“ на моторот, мислам дека само поновите имаат, иако не ми е јасно за што служат, сум го извадил кондензаторот и пак работи фрижидерот, можеби за фазна компензација е или за филтрирање на напонот, кој знае :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline vrukiot

  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #5 on 04.12.2010, Saturday, 00:56:45 »
Не ти треба ништо значи исто така мене ми беше рокнат потенциометарот за брзината на моторот го извадив и го приклучив дирекно, нема некаков потенциометар и одлично работи ми служи како компресор  ;D  ;D

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #6 on 04.12.2010, Saturday, 11:36:43 »
Ееете тука сме и мене ми треба за компресор затоа и го извадив , а тој кондензатор што го спомнавте е против пречки, да не му смета на телевизорот, радиото итн. додека работат

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12055
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #7 on 04.12.2010, Saturday, 17:13:38 »
Ееете тука сме и мене ми треба за компресор затоа и го извадив , а тој кондензатор што го спомнавте е против пречки, да не му смета на телевизорот, радиото итн. додека работат

Како што претпостатвував, филтер е ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Jove

  • Guest
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #8 on 04.12.2010, Saturday, 22:39:34 »
имаш репутација за ова незнаев дека е за попречување на сметњи ама мојот стар бесе блиску до еден стар телевизор во село и не му правесе проблем  :-\ :-\

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12055
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #9 on 05.12.2010, Sunday, 16:56:19 »
имаш репутација за ова незнаев дека е за попречување на сметњи ама мојот стар бесе блиску до еден стар телевизор во село и не му правесе проблем  :-\ :-\

Тоа е повеќе како „за секој случај“, не значи дека секој мотор од фрижидер ќе прави проблеми на други уреди ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 415
  • Gender: Male
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #10 on 08.12.2010, Wednesday, 20:18:50 »
За стартување на мотор од фрижидер се користи струјно реле и при самото стартување поточно затворање на контактот од термостатот моторот добива 220 болти но за да се покрене има потреба од помошна намотка која е вклучена една секунда максимално и потоа пак се исклучува, истиот ефект се постигнува и со ПТЦ отпорник, во почеток “влече“ поголема струја и помошната намотка е активна потоа струјата низ нејзе намалува и не врши никаква функција, постарите верзии на мотори користеа кондензатор за фазно поместување, како кај моторите за перални.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #11 on 13.12.2010, Monday, 09:10:28 »
То бе Диди,како од книга,седи + реп од мене! :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3559
  • Gender: Male
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #12 on 16.12.2010, Thursday, 23:13:54 »
колку што иам поправано фризидери, прво ако сакаш да го користиш башка од целиот склоп, најарно ти е термостатор да го спојш кратко. Е после кај што влагаат жицине имат едно како кутивче, што значи треба да го расклопиш. Не цел мотор, само кутивчето. Во него има два контакта, а помегу нив има "желефце" налик на паричка или ако сакаш батерија од оние сплесканине. Тоа го иам само кај економични, т.е. штедливи фрижидри, што би требало да значи дека на ладно материјалот помеѓу контактите се збира, и не спроведува. Исто така од сама старост , може овие делови да се кородирани, и да не спроведуваат. Најарно ќе ти е да ги спојш директни, само пази да не ги спијш со шасијата од моторот. А кондензаторот појма нема за што е, ама знам дека кај машини за перење игра колема улога, па може и тука да прави проблрм, доколку е предвидено да има кондензатор. Ако си во моност т.е. ако треба да стои кондензатор не е лошо да му ставиш нов, СО ИСТА ВРЕДНОСТ, во најскап случај е 1000 денари...

Offline Syrus

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 480
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #13 on 16.12.2010, Thursday, 23:16:48 »
Ама мене ми се сечени жиците од термостатот

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3559
  • Gender: Male
Одг: Мотор од фрижидер
« Reply #14 on 16.12.2010, Thursday, 23:33:37 (Edited 16.12.2010, Thursday, 23:43:43) »
Епа пробај вака:
Земи друго 220-волтно кабле и поврзи ги директно на мотор, верува дека ти се мотат некој баел.
претежно се 3 жилни, но за проба и 2 жилно ке ти брка работа.
Исто така, како што предходно еден од форумџиите напиша, не ќе  е лошо некоја фотка, барем каде што  жиците излагаат од мотор

Споено мислење: 16.12.2010, Thursday, 23:43:43
П.С. Колку што се секавам на конекторот од моторот има 3 излези, само на 2 од нив работи, а мислам дека 2 се краткоспоени, што значи дека ако донесиш 220волти ан краткоспоените ќе напрајш беља, па затоа ако имаш унимер, провери ги, или ако имаш неко 200+ вати трансформатор кој дава 80 или повеке волти, пробај преку него. Во краен случај поврзи сериски  греалка пегла или друг "пасивен" ел.уред, а може и 2-3 меѓусебно паралелно врзани сијалици (само со жица, не неонки или сл.) па откако ќе поврзиш све, приклучи го во штекер. Помеѓу пробите, односно преместување на жиците, ОБАВЕЗНО исклучи све од штекер.