Да, само што реално, а и логично, не ја гледам потребата од третиот рутер? Вториот, кај комшијата што ќе е, ја шири мрежата во неговиот радиус, не го гледај само како уред за комуникација со мрежата на човекот што постира овде.
Ако има насочена антена и на страната на комшијата, сигналот ќе се движи само во насока накај куќата на daniel spasovski, не и на неговата страна. Тоа сакав да кажам
. А инаку, да, ако има обична антена, најверојатно нема да има потреба од трет router
. Зависи од тоа дали добро ќе се фаќа сигналот со само една насочена антена
.
Мислам дека е можна една работа .. ама не ми е јасна ..
Дали би можел јас овој рутеров - http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=394&pid=34091
да го ставам надвор и со антените да го насочам кон комшијата и само така да работи .. А бидејќи Speedport-ов мој зрачи во радиус од 50 метри , јас би сакал вториот рутер да го поставам надвор и да го побудам со сигналот од Speedport-от Надворешно Speedport-от во радиус од 10-20 метри фаќа 5 црти .. Full мрежа .. Што мислам дека би било добра побуда за вториот рутер кој е надвор ..
Да, може, но не се чуди ако го удри гром
или ако по година дена веќе не работи
. Тие router-чиња не се наменети да работат надвор на температури од +40 (и тоа во сенка) до -20. Тие се наменети за домашни услови. Затоа се поставува само антената надвор, бидејќи самиот уред е остелив на температурни промени, тоа не е industrial grade опрема
. Е сега, да, дури и да имаш поставено насочена антена надвор, и оваа антена може да ја удри гром и да изгори се од мрежата, вклучувајќи го и SpeedPort-от, но тоа е ризикот
. Затоа реков дека подобра комбинација е пуштање на кабел, па дури и да е воздушен. На влезот и излезот од Ethernet конекторите има малечки изолациски трансформаторчиња, со што галвански е изолиран кабелот од мрежата, па шансите се помали да изгори целата опрема, дури и да удри гром во кабелот.
Само не ми е јасно како би го подесил да работи и дали е можно .. Нешто за ова конкретно , дали е можно и како би ги конфигурирал двата рутера ?
386ka пиша дека овој router има опција да работи како repeater. Тоа се подесува од web менито на router-от, а какво е менито, тоа е веќе сосема трета работа
. За ова ќе треба сам да се снајдеш, имаш Google, други форуми... пребарај
.