Колеги , кој од следниве рутери сигурно би ми завршил работа ?
На ова прашање не верувам дека ќе добиеш директен одговор „да“ или „не“, освен ако некој не го имал буквално истиот проблем кој го имаш ти и го решил со некој од предложените router-и.
Дали и со кој рутер е можно да се изведе ова и дали би можел да го пуштам мојот рутер да зрачи а вториот што ке го купам да го прими и да го засили тој сигнал? Како би изгледало тоа ?
Ова се вика repeater мод на работа и не секој router има ваква опција. Повеќето немаат. Само поскапите модели во firmware-от кој доаѓа заедно со нив имаат ваква опција, а ако начекаш некој поевтин router како TP-Link TL-WR740 кој (по некоја случајност) користи chipset кој е поддржан од dd-wrt и OpenWrt (за Tomato не знам), може да го flash-уваш оригиналниот firmware и да го замениш со некој од овие. Каков chipset има секој од нив, побарај на Google, најверојатно за некои од нив ќе начекаш отворени topic-и на dd-wrt форумот.
Е сега, под претпоставка дека имаш router кој може да прави repeat на сигналот (да го препраќа, при што, мора да напоменам, ќе имаш прилично голем lag на сигналот) нема да ја имаш следната ситуација:
(моќноста на Wi-Fi на SpeedPort) + (моќностна на Wi-Fi на router-от) = (излезната моќност)
Ќе ја имаш само моќноста на router-от кој си го купил и тоа е тоа. Ако сакаш да пратиш сигнал на поголемо растојание, ќе треба да градиш или да купиш насочена антена.
Инаку се рабои за одалеченост од точно 60 метри , има две куќи , ситуацијата е прикажана подолу на сликата.. Јас треба да го пренесам сигналот до точката B , таму се наоѓа лап топ компјутер но се плашам куќата А да не смета на сигналот .. Не би требало ..
Ако ги наместиш двете антени (приемната и предавателната, поточно и двете се примопредавателни, но ајде, ќе поедноставам) доволно високо да се гледаат една со друга, најверојатно нема да имаш проблеми (што не е гаранција), но дефинитивно нема да имаш проблеми ако користиш насочена антена. Во секоја друга ситуација, да, куќата на патот на сигналот ќе прави проблеми... освен ако не е барака (нема бетон и арматури), тогаш можеби ќе треба само насочена антена без да има оптичка видливост меѓу предавателната и приемната антена.
Ако сакаш комшијата да фаќа сигнал во било кое место од куќата, а притоа приемна антена е само антената од лаптопот, со предложените router-и ова нема шанси да се изведе (поточно, нема шанси да се изведе за малку пари), дури и да има оптичка видливост меѓу ненасочена предвателна антена и куќата на комшијата. Главен проблем е приемната антена на комшијата која кога ќе сака да прати сигнал (барање) за определена веб адреса (во овој случај, таа е предавателна антена), сигналот ќе биде преслаб и нема да стигне до (антената кај тебе дома) приемната антена. Можеби (но ова е само можеби) ќе може да се покрие целата куќа, но само со насочена антена, но ќе треба некој поскап router кој ќе може да даде нешто појак Wi-Fi сигнал. Овие кои ги имаш наведено се прилично евтини и спаѓаат во класата на домашни Wi-Fi router-и. Најчесто, повеќето од нив не може да покријат ни цела куќа на повеќе спрата, а камо ли да фати сигнал соседната куќа
.