Грешно ме свати колега .. Сакав да прашам , дали можам комплетно да го тргнам рутерот од Т-Home да ми стои во кутија и да приклучам нешто вакво :
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=558460
Само на рутеров од T-Home имам приклучено и телефон .. А се плашам ако купам ваков ... да не ми остане некој вишок кабел .. т.е да неможам да го приклучам телефонот .. бидејќи конекторот од рутерот до телефонот е многу помал ... А и има едни како чудни чешлиња ..
нема да можеш да ставиш друг рутер зашто рутерот од телеком е конфигуриран за да си разделува телефон/телевизија/интернет, и нема други рутери сега speedport рутерите што се ги ставаат сегде, а старите ги менуваат...
Bojan убаво ти објасни. Ако имаше само интернет, проблемот ќе можеше полесно да се реши, под услов техничарите од T-Home да сакаа да ти го сменат комбото модем/рутер, но бидејќи ти всушност имаш и телевизија и телефонија преку тој модем, нема да може да го поставиш тој ADSL модем/рутер кој го имаш ставено во линкот од post-от. Тие модеми прават неколку виртуелни LAN конекции со серверите на T-Home за live streaming на телевизија и телефонија (во принцип, сега веќе се е „нешто“ over IP
).
Ако сакаш да го чепкаш комбото модем/рутер/телевизија/телефонија, можеш, но не знам дали ќе ти го примат од T-Home потоа ако ти е на реверс даден
. Може да ти кажат „сте го чепкале, сте му додавале конектори, ваму таму“, така да, ризично е
. Затоа не ги сакам T-Home и би земал од таму интернет само под еден услов, да можам јас мој ADSL модем да си го користам... ако не можам така, не благодарам, не ми треба интернет конекција од нив
. А за било какви останати услуги, не ме интересира. Телевизија имам кабелска, а телефонија... немам никаква потреба, за далечни разговори, Skype, за локални, мобилен и тоа е тоа
.
Ако не ти се допаѓа горната опција, ти останува да си купиш твој Wi-Fi рутер и да го поврзеш со модемот од T-Home. Така ќе имаш две Wi-Fi конекции (AP), ама тоа е тоа... трета опција немаш.