Author Topic: Најопшто околу радио техника  (Read 141095 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа некоја насочена антена која би фатила на 50-70 метри минимум од овие кои се во линковите претходно ? :) Која би била најдобра ? :)

Тие антени не се насочени. Тие зрачат радијално (на сите страни). Не ми текнува како се викаа тие антени, ама немаат никаква насоченост. Има насочени антени и за Wi-Fi, ама се доста поскапи од тие цени, а во тоа најчесто спаѓа само цената на антената (не и на dongle-от или картицата, што и да е, тие треба посебно да си ги купиш). Затоа често и се решаваат луѓето сами да прават Wi-Fi антени, бидејќи се скапи да ги купиш, а резултатите се често многу подобри отколку ако на купечките.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Би направил Wi-FI aнтена сам , имам дома еден куп алуминиум , антенски кабел со должина од 10 метри , стара чинија од стара антена и антена со многу директори :) Би завршило нешто од тоа работа? Инаку не ми е страв , башка и би сакал да заштедам на пари но како би ја поврзал ? Каде ? Не би сакал да експериментирам кај рутерот бидејќи тоа ми е само опрема на користење .. да не ја зезнам па после да плаќам ..  :-X :(

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Би направил Wi-FI aнтена сам , имам дома еден куп алуминиум , антенски кабел со должина од 10 метри , стара чинија од стара антена и антена со многу директори :) Би завршило нешто од тоа работа? Инаку не ми е страв , башка и би сакал да заштедам на пари но како би ја поврзал ? Каде ? Не би сакал да експериментирам кај рутерот бидејќи тоа ми е само опрема на користење .. да не ја зезнам па после да плаќам ..  :-X :(

Околу правењето, не можам да ти помогнам, никогаш немам правено, но имам читано некои коментари од луѓе што сами правеле насочени Wi-Fi антени, конкретно таа Corner антената сите ја фалат, проста е за правење, не е потребна чинија потребни се само рамни бакарни парчиња (мислам дека некои ја имаа изработено и со обични витропласт или пертинакс плочки ;D). Ги има конструкционите планови на форумов, побарај низ подфорумов за радио-техника ;). Во нив имаш дадено се, како се конструира димензии, како се врзува со рутерот или Wi-Fi картицата и се останато ;).

Инаку, се врзува со коаксијален кабел (колкава импеднаса имаа тие кабли, не ми текнува, мислам дека и тоа пишува во инструкциите ;)) за рутерот и се користат оние малите BNC конектори ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #153 on 19.12.2012, Wednesday, 12:03:52 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 09:45:50) »
Колеги , купив материјал , конектори и се што ми е потребно и направив нешто налик на оваа антена  :)



Користам T-Home рутер ; Moдел - Speedport W503V

Немам мрежна картичка , кабелот од рутерот директно влегува на конектор за интернет кој е на матичната плоча .. Така да незнам кај би требало да ја приклучам оваа антена .. Помош  :-\ :-\

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Немам мрежна картичка , кабелот од рутерот директно влегува на конектор за интернет кој е на матичната плоча .. Така да незнам кај би требало да ја приклучам оваа антена .. Помош  :-\ :-\

Имаш на рутерот заден конектор за антена? Ако немаш, ако рутерот може да ја користи само интерната антена, џабе си ја правел антената :S. Ќе треба да го отвораш рутерот за да може да ја приклучиш. Требаше да провериш дали може некаде да приклучиш антена пред да ја правиш.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Нема никаков конектор .. Одвнатре зрачи .. :S А да купам мрежна картичка ? Или како се викаше тоа ? За да можам со антенски кабел да ја приклучам антенава :) Совет за мрежна или интернет картичка или како и да се викаше таа картичка ??? :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Нема никаков конектор .. Одвнатре зрачи .. :S А да купам мрежна картичка ? Или како се викаше тоа ? За да можам со антенски кабел да ја приклучам антенава :) Совет за мрежна или интернет картичка или како и да се викаше таа картичка ??? :)

Wi-Fi картица се вика, но пази, таа што ќе ја купиш треба да има опција да може да се намести како AP (Access Point), а тоа може да го знаеш само ако знаеш кој чип го користи картичката, така да, шансите ти се 50-50, таа што ќе ја купиш може и да нема опција да може да се подеси како AP, туку само како Client (приемник на Wi-Fi сигнал). Затоа подобра опција ти е да има рутер кој има конектор за антена, рутерот и онака по default си работи како AP.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #157 on 19.12.2012, Wednesday, 18:05:34 (Edited 19.12.2012, Wednesday, 18:07:53) »
Епа тогаш каде и колку пари одприлика би ме чинело да купам рутер кој има излез за антена ? Некој најобичен да ме служи и колку да ми користи за да можам да му ја приклучам антената и за да зрачам :D ?

Вакво нешто би ми завршило работа ? наместо таа антена да ја извадам и да ја приклучам мојава ? :)

Code: [Select]
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=34946&id=51&l=3&q=&SupplierArticleID=02483&Action=

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #158 on 19.12.2012, Wednesday, 18:09:40 (Edited 19.12.2012, Wednesday, 18:17:15) »
Епа тогаш каде и колку пари одприлика би ме чинело да купам рутер кој има излез за антена ? Некој најобичен да ме служи и колку да ми користи за да можам да му ја приклучам антената и за да зрачам :D ?

Сега се барем евтини, околу 1000 денари се. Може и поевтини да се сега (800 или 900). Провери по продавнициве за компјутерска опрема. Само пази да има антена (да се гледа на сликата од амбалажата). Не знам како стојат сега работите, но нема да ме чуди да имаат сега и некои Wi-Fi рутери кои немаат излезен приклучок за антена, туку само некоја интерна антена, како овие на T-Home (заштеда на пари, време, цена на изработка...). Така да, провери си.

Вакво нешто би ми завршило работа ? наместо таа антена да ја извадам и да ја приклучам мојава ? :)

Code: [Select]
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=34946&id=51&l=3&q=&SupplierArticleID=02483&Action=

Да, но ти реков кој е проблемот со овие кратици и USB dongles. Можно е и да не може да се подеси како AP, а тебе тоа ти треба. Тоа зависи од чипот кој се користи на картицата. Е сега, бидејќи кај овие PCI/PCIx картициве се гледа чипот, може да ги запишеш ознаките или да го сликаш чипот кога ќе отидеш во продавница и потоа дома да провериш online дали може да се подеси да работи како AP. Или прашај во продавницата во која планираш да ја купуваш картицата дали може да се подеси картицата да работи како AP. Е сега, продавачиве не секогаш даваат точни информации, така да, не би им верувал слепо само на нив туку би си проверил и сам врз база на datasheet на чипот дали може да се подеси како AP.

Но, дури и да може да се подеси, понекогаш драјверите или софтверот не го дозволуваат тоа. Затоа и ти пишав, ова не е сигурна работа. Најсигурно е ако имаш рутер кој има приклучок за антена. Тоа е 100% сигурно.

А освен тоа, дури и да ја купиш картицава, едно PC ќе треба да ти е пуштено цело време за да може комшијата да има net, a тоа значи потрошена струја... така да, можеби на почетокот ова ќе те чини малку поевтино, ама на долг рок, поскапо ќе биде.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Значи рутер со излез за антена му е мајката .. :) Би можел да го поврзам со истите кабли кои ми ги дадоа од T-Home или има и нешто додатно ? Нешто поинакво ? :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Значи рутер со излез за антена му е мајката .. :) Би можел да го поврзам со истите кабли кои ми ги дадоа од T-Home или има и нешто додатно ? Нешто поинакво ? :)

Паааа... зависи. Ако сакаш да имаш два рутера, во тој случај ќе треба да го поврзеш влезот на рутерот за еден од излезите од модемот/рутерот што ти е даден од T-Home. Ако сакаш да го користиш само овој купечкиот рутер, ќе треба да им кажеш на T-Home да ти го сменат тој модемот/рутерот (комбинирани уреди се овие, ADSL Modem / Router) со обичен модем (оние обичнине D-Link модеми). Ако имаш комбинација на телевизија или телефонија плус земено во пакет, најверојатно нема да може да се смени, а дури и да немаш земено пакет, најверојатно нема да сакаат да ти го сменат бидејќи се е во ред, ништо не е неисправно, така да, ќе ти речат да им се јавиш кога нешто нема да биде исправно ;D.

Така да, изгледа остануваш со комбинацијата да имаш два Wi-Fi рутери ;D. А во тој случај, ти пишав како се врзува купечкиов рутер со оној од T-Home ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Грешно ме свати колега ..  ;D Сакав да прашам , дали можам комплетно да го тргнам рутерот од Т-Home да ми стои во кутија и да приклучам нешто вакво :

Code: [Select]
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=558460
Само на рутеров од T-Home имам приклучено и телефон .. А се плашам ако купам ваков ... да не ми остане некој вишок кабел .. т.е да неможам да го приклучам телефонот .. бидејќи конекторот од рутерот до телефонот е многу помал ... А и има едни како чудни чешлиња ..  :-\ :-\

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
нема да можеш да ставиш друг рутер зашто рутерот од телеком е конфигуриран за да си разделува телефон/телевизија/интернет, и нема други рутери сега speedport рутерите што се ги ставаат сегде, а старите ги менуваат...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #163 on 19.12.2012, Wednesday, 20:21:50 (Edited 19.12.2012, Wednesday, 20:25:57) »
Грешно ме свати колега ..  ;D Сакав да прашам , дали можам комплетно да го тргнам рутерот од Т-Home да ми стои во кутија и да приклучам нешто вакво :

Code: [Select]
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=558460
Само на рутеров од T-Home имам приклучено и телефон .. А се плашам ако купам ваков ... да не ми остане некој вишок кабел .. т.е да неможам да го приклучам телефонот .. бидејќи конекторот од рутерот до телефонот е многу помал ... А и има едни како чудни чешлиња ..  :-\ :-\

нема да можеш да ставиш друг рутер зашто рутерот од телеком е конфигуриран за да си разделува телефон/телевизија/интернет, и нема други рутери сега speedport рутерите што се ги ставаат сегде, а старите ги менуваат...

Bojan убаво ти објасни. Ако имаше само интернет, проблемот ќе можеше полесно да се реши, под услов техничарите од T-Home да сакаа да ти го сменат комбото модем/рутер, но бидејќи ти всушност имаш и телевизија и телефонија преку тој модем, нема да може да го поставиш тој ADSL модем/рутер кој го имаш ставено во линкот од post-от. Тие модеми прават неколку виртуелни LAN конекции со серверите на T-Home за live streaming на телевизија и телефонија (во принцип, сега веќе се е „нешто“ over IP ;D).

Ако сакаш да го чепкаш комбото модем/рутер/телевизија/телефонија, можеш, но не знам дали ќе ти го примат од T-Home потоа ако ти е на реверс даден ;D. Може да ти кажат „сте го чепкале, сте му додавале конектори, ваму таму“, така да, ризично е ;D. Затоа не ги сакам T-Home и би земал од таму интернет само под еден услов, да можам јас мој ADSL модем да си го користам... ако не можам така, не благодарам, не ми треба интернет конекција од нив ;D. А за било какви останати услуги, не ме интересира. Телевизија имам кабелска, а телефонија... немам никаква потреба, за далечни разговори, Skype, за локални, мобилен и тоа е тоа ;D.

Ако не ти се допаѓа горната опција, ти останува да си купиш твој Wi-Fi рутер и да го поврзеш со модемот од T-Home. Така ќе имаш две Wi-Fi конекции (AP), ама тоа е тоа... трета опција немаш.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #164 on 10.01.2013, Thursday, 16:32:07 (Edited 10.01.2013, Thursday, 16:44:47) »
Колеги , пробав и со антена .. И со се .. али работата не ја бива .. Кажете ми дали можам на излезот од рутерот каде што излегува кабелот за интернет до куќиштето .. имам уште еден ист таков приклучок на рутерот за кабел за интернет за уште еден компјутер .. Дали е можно да направам склоп со кој од тој излезот на рутерот , сигналот би го засилил со некој склоп ? Значи излезот од рутерот да оди на влез од некој склоп кој би го засилил и би зрачел бежично со тој сигнал од 2,4 GHz ? :) (Макар и само да го засилува .. ) :)

Или ако нема таков склоп , дали и ако може на кои од тие жици треба да ја поврзам антената која е за 2,4 GHz .. секако домашно направена .. :)