Author Topic: Најопшто околу радио техника  (Read 141099 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
АМ-НБО АМ се користи кај сите аналогни ТВ
како што знам кај нас, за тв пренос се користи ФМ модулација (за звукот), за сликата не знам.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
како што знам кај нас, за тв пренос се користи ФМ модулација (за звукот), за сликата не знам.

За сликата се користи AM, поточно QAM (квадратурна амплитудна модулација) ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Ако може некој да ми каже за каков пренос на сигнал (ТV сигнал, Телефонски....)се користат некој од наведените амплитудни модулации
AM_1БО АМ модулација со еден бочен обсег
АМ_НБО АМ модулација со несиметрични бочни опсези
КАМ- Конвенционално амплитудно модулиран сигнал

Фала ви однапред  ;D  :)

АМ-1БО АМ се користи у радиотехника кај аматерските бандови, кај Citizen Band и сегде каде е потребно густо пакување на каналите (телефонија,итд)

АМ-НБО АМ се користи кај сите аналогни ТВ

КАМ се користи за сите краткобранови SW, среднобранови MW и долгобранови LW радио бродкастери

Фала ти. Само ова ми требаше ништо повеќе.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Какво прашање,таков одговор. Добро е ,ако ова ти помогне .

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Е,па сега професоре објасни му подетално на учеников од Охрид,бидејки не верувам дека нешто му е појасно сега.

Зашто таков цинизам?
Не сум професор,али затоа дадов прецизен и точен одговор на конкретно и прецизно прашање.
Верувам дека на учеников сега му е појасно,не ги потценувај луѓето. А ако праша нешто подетално и тоа ќе го одговорам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не гледам ништо цинично во тоа што те ословив * професоре*,напротив даде добар одговор!

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Гледам многу по нет дека продаваат микро бубици што ги користат за препишување на тестови испити колоквиуми што мислите вие за нив дали вреди да се купи ? дали има некој користено до сега .. ?

Offline igorros

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
јас би ти препорачал да не купуваш бидејќи пред една недела ми кажаа дека професорите ставале блокатори и бубиците не функционираат додека трае испитот

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
Ако може да ми кажите како полесно да ја одредам фрекфенцијата на предавателов и која должина на антената да ја ставам. Иначе прв предавател ми е овај
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=337.0

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #144 on 22.10.2012, Monday, 00:32:57 (Edited 22.10.2012, Monday, 06:47:56) »
Бидејки предавателов нема тример конд. ( веројатно и кај тебе е така) ,тогаш  само со растегнување на калемот останива да се нагоди фреквенцијата.Бидејки овој предавател не е баш стабилен ,ке се јават повеке хармоници  и можеби на неколку места на скалата ке го фаќаш сигналот.Затоа види каде е тој најсилен,а за анената - стави парче жица од 75 см и пробај со кратење да добиеш најсилен сигнал.Фреквенцијата најточно се мери со фреквенцметар,а јачината на сигналот со S /SWR метар.Може да употребиш и мал мерач на јачина на полето или  уште поедноставно - две -три намотки лак жица 0,5 мм и паралелно на нив сијаличка 3,5 или 6V. Овој спој се принесува до антената и се подесува  со кратење антената на најсилно светење на сијаличката.Тоа се работи милиметар по милиметар за да се види како ке се понесува предавателот.Сепак,како почетник одбери некоја подобра варијанта ,бидејки ова е најлоша варијанта за почетник,за подесувањето мислам.Ако имаш таков проблем најди соодветно тело со феритно јадро и со негово вртење полесно ке успееш да ја добиеш фреквенцијата.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #145 on 18.12.2012, Tuesday, 16:26:44 (Edited 18.12.2012, Tuesday, 16:51:22) »
Колеги ме интересира како можам на поголема далечина да постигнам домет на интернет сигнал ? :) Wireless - Користам ADSL рутер од Т-Home :)

Значи сакам на одалеченост од 100-150 метри комшијата да фаќа интернет од мене на лаптопот , секако по одредена цена :D Дали е можно некое од овие две решенија ?

Code: [Select]
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=35937&id=51&l=3&q=&SupplierArticleID=02494&Action=

Code: [Select]
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=34946&id=51&l=3&q=&SupplierArticleID=02483&Action=
Или ова -
Code: [Select]
http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=34947&id=51&l=3&q=&SupplierArticleID=02496&Action=
Дали одговара и ако одговара некое од овие три - Кое е најдоброто решение од овие три ?
Благодарност до сите однапред :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Кратко и јасно - ќе ти треба појака антена. Точно колкаво засилување во dB треба да има, не знам, тоа некои поискусни можеби ќе знаат, но од тоа што го знам, дефинитивно ќе треба да биде насочена и ќе треба да нема пречки на патот на сигналот (да биде воздушна линија или со малку пречки, на пример, само еден ѕид).

А зошто не пуштиш LAN кабел до кај комшијата? Ако е околу 100m растојание, повеќето LAN кабли нема да имаат проблем со тоа растојание. А ако е оклопен и ако доволно се дебели жилите од париците (има и вакви кабли, само што се поскапи), може и до 150m (па и повеќе) да нема проблеми со сигналот ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Па сакам и јас да фатам интернет сигнал од рутерот .. на околу 200-300 метри одалеченост :) Некоја конкретна понуда или совет ? :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Па сакам и јас да фатам интернет сигнал од рутерот .. на околу 200-300 метри одалеченост :) Некоја конкретна понуда или совет ? :)

Појака антена, јас само така знам ;D. Освен ако немаш некој Linksys, па да му ставиш dd-wrt или да го хакуваш и да подесиш да предава појак сигнал, но ова е ризично, може да го изгориш излезниот степен од приморпедавателот на 2.4GHz ;D. Но, дури и да го подесиш да предава појак сигнал, нема да фати на толку голема далечина без да имаш соодветна антена. А ако сакаш да фаќа во сите правци на таа далечина, нема шанси, особено не со пречки, воздушна линија... можеби. Само со насочена антена можеш да постигнеш да фаќа на таа далечина, не може со обична (ненасочена, што зрачи во сите правци подеднакво, какви што се антените од линковите кои ги имаш post-ирано). Тоа значи дека ќе фаќа во определен агол од вкупниот радиус (360 степени), на пример, само во агол од 45 степени или 30 степени. Надвор од тој агол, нема да има сигнал.

Имаш различни конструкции на Wi-Fi антени во овој подфорум, за Радиотехника. Но повеќето од нив се насочени. Многу ја имаат фалено онаа Corner антената, лесна е за градба и далеку од прескапа, ама и таа е насочена.

Друг начин јас не знам, ако некој знае, нека post-ира ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Епа некоја насочена антена која би фатила на 50-70 метри минимум од овие кои се во линковите претходно ? :) Која би била најдобра ? :)