Па сакам и јас да фатам интернет сигнал од рутерот .. на околу 200-300 метри одалеченост Некоја конкретна понуда или совет ?
Појака антена, јас само така знам
. Освен ако немаш некој Linksys, па да му ставиш dd-wrt или да го хакуваш и да подесиш да предава појак сигнал, но ова е ризично, може да го изгориш излезниот степен од приморпедавателот на 2.4GHz
. Но, дури и да го подесиш да предава појак сигнал, нема да фати на толку голема далечина без да имаш соодветна антена. А ако сакаш да фаќа во сите правци на таа далечина, нема шанси, особено не со пречки, воздушна линија... можеби. Само со насочена антена можеш да постигнеш да фаќа на таа далечина, не може со обична (ненасочена, што зрачи во сите правци подеднакво, какви што се антените од линковите кои ги имаш post-ирано). Тоа значи дека ќе фаќа во определен агол од вкупниот радиус (360 степени), на пример, само во агол од 45 степени или 30 степени. Надвор од тој агол, нема да има сигнал.
Имаш различни конструкции на Wi-Fi антени во овој подфорум, за Радиотехника. Но повеќето од нив се насочени. Многу ја имаат фалено онаа Corner антената, лесна е за градба и далеку од прескапа, ама и таа е насочена.
Друг начин јас не знам, ако некој знае, нека post-ира
.